Каков газда, таков миленик - кучињата попримаат особини од сопственикот
Кучињата живеат со луѓето повеќе од 30.000 години. Чувствителни се на емоциите на нивните сопственици и можат да ги рефлектираат истите. Кучињата можат да соберат информации за емоционалната состојба на луѓето и соодветно да го приспособат своето однесување.
Ако вашето домашно милениче во почетокот било многу активно, па наеднаш станало мрзеливо, гледајќи ве вас како постојано лежите во креветот, тоа е знак дека ги преземало вашите карактеристики и навики.
Научниците од Универзитетот во Мичиген испитале кои особини можат да ги попримат овие миленици од сопствениците.
Екстровертите се многу отворени за другите луѓе, а такви се и нивните кучиња. Ако луѓето се срамежливи или интровертни, тогаш кучињата ќе го преземат начинот на кој се однесува нивниот господар. Ако е сопственикот под стрес, кучето ќе започне да изразува агресија.
Научниците од Австрија покажале дека кучињата можат да ја рефлектираат личноста на сопственикот, особено неговата вознемиреност и негативните емоции.
Имено, кучињата кои биле релаксирани и пријателски расположени, истото можеле да им го пренесат на луѓето.
На сопствениците им се доделени пет особини на личност: невротизам, екстровертност, отвореност за нови искуства, удобност и совесност. Со користење на стандардизирани форми, испитана е и личноста на кучињата.
Ирис Шоберл, кој го водел истражувањето, вели дека сопствениците и кучињата влијаат едни на други, но влијанието на човекот е многу поголемо. Кучињата можат да соберат информации за емоционалната состојба на луѓето и соодветно да го прилагодат своето однесување.
Ашера | Црнобело