Зошто кучињата сакаат да ги закопуваат коските и дали се безбедни за вашето милениче?

Сте се запрашале ли зошто кучињата ги закопуваат коските, или зошто воопшто сакаат коски? Причината за ова однесување се всушност нивните предци.

zoshto-kuchinjata-sakaat-da-gi-zakopuvaat-koskite-01.jpg

Ако имате куче сигурно сте забележале дека откако ќе му дадете коска, тоа ќе почне да ја глода, a набрзо потоа ја закопува. Ако чувате куче дома, голема е веројатноста тоа да пробало да ги скрие коските под тепихот, ќебето или нешто слично.

Па која е причината за ова однесување?

Зошто кучињата сакаат да глодаат коски?

Пред нивното припитомување, кучињата се хранеле во група, слично како волците, и исхраната им се состоела од месо. Тие заедно напаѓале плен, го убивале и ги јаделе месото и коските. И денес дивите кучиња се однесуваат на истиот начин.

И на припитомените кучиња им е потребно месо, но бидејќи повеќето луѓе ги хранат со специјална кучешка храна, понекогаш им недостасуваат хранливите состојки од месото, па глодањето коски им помага да надополнат за тоа.

Еволуцијата ги направила кучињата одлични ловци и тие ја имаат потребната „опрема“ за глодање коски – силна вилица и остри заби. Дури и припитомените кучиња имаат инстинкт да ги користат вилицата и забите за нивниот „плен“ - во овој случај коските што ги добиваат од сопствениците.

Покрај тоа, за кучињата коските имаат и одличен вкус.

zoshto-kuchinjata-sakaat-da-gi-zakopuvaat-koskite03.jpg

Зошто кучињата ги закопуваат коските?

Како што напоменавме, пред да бидат припитомени, кучињата ловеле. Нормално, никогаш немале гаранција дека секој ден ќе успеат да уловат нешто, па си чувале дел од пленот за подоцна. А, за добро да ја скријат храната од другите животни, тие ја закопувале.

Вашето куче секојдневно има храна, но кога ги закопува коските, кај него проработува неговиот природен инстинкт. Уличните кучиња, од друга страна, ги кријат коските за подоцна, слично како нивните предци.

zoshto-kuchinjata-sakaat-da-gi-zakopuvaat-koskite-01.jpg

Дали е добро да им давате коски на кучињата?

Ветеринарите сметаат дека коските се добри за кучињата – со нив тие можат да си ги исчистат забите и да внесат повеќе калциум и минерали во организмот. Наводно, коските биле добри и за дигестивниот систем и столицата на кучињата.

Кога станува збор за видот на коски, ветеринарните препорачуваат да не му давате варени коски, или коски од кокошка и мисирка. Причината е што овие коски се лесно кршливи и можат да предизвикаат сериозен проблем.

Не би требало да претставува проблем да му давате коски на вашето куче, сè додека обрнувате внимание на препораките. Но, најдобро е да се консултирате со ветеринар пред да донесете одлука, бидејќи сепак за секоја раса на куче си има различни правила.

zoshto-kuchinjata-sakaat-da-gi-zakopuvaat-koskite02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg