Каде ви е велосипедот?

Сигурно во подрумот или гаражата, нели? Денес е вистинското време да илезе од таму и конечно да ја избришете од него прашината која ја собирал долго време.

kade-vi-e-velosipedot-01.jpg

Кога бил последниот пат кога сте возеле велосипед?

Доколку одговорот е одамна, денес променете го. Верувајте дека ќе се почувствувате поенергично во истиот момент, а еве и зошто:

Ќе го искористите денот максимално

Денот е сончев а вие размислувате дали ќе останете цел ден во кревет или ќе излезете на кафе со пријателите. Тоа го правите постојано, па затоа за промена земете го велосипедот и искористете го денот максимално. Така ќе бидете сами и ќе си посветите време на себе.


Ќе ги зацврстите мускулите

Доколку сте премногу мрзеливи да отидете во теретана или да трчате секое утро, велосипедот е вистинското решение за вас. Во текот на денот, зависно од вашето слободно време одвојте барем еден час за да ги зацврстите вашите мускули со вртење на педалата.


Ќе ја спасите планетата

Кога возите велосипед вие ја заштитувате планетата од загадување. Денес бидете хумани кон неа и наместо со вашата кола одете на посакуваната дестинација со велосипедот.


Ќе поминете квалитетно време со партнерот или пријателите

Доколку сте од оние личности зависни од други луѓе и не сакате да бидете сами, возењето велосипед со вашиот партнер, пријатели или семејството е одличен начин да поминете квалитетно време со нив и да го зацврстите вашиот однос на поинаков начин.

kade-vi-e-velosipedot-02.jpg

Сексуалниот живот ќе ви стане подобар

Освен што ќе ги зацврстите мускулите, ќе ја подобрите и кондицијата, но онаа во креветот. Енергијата која ќе ја добиете со возење на велосипед сигурно ќе ја искористите во сексот. Верувајте дека добро ќе ви дојде вас и на вашиот партнер!


Ќе заштедите пари

Возењето на велосипед му се допаѓа и на вашиот паричник. Парите кои секојдневно ги трошите на бензин или такси денес потрошете ги на некоја ситница што ве прави среќни.


Ќе се чувствувате среќно!

Во моментот кога ќе се качите на велосипед и ќе ја искористите првата удолнина на патот без да вртите на педалите, вие ќе се почувствувате среќно и слободно. Се сеќавате ли на тоа чувство од детството?

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg