Навистина е возможно: Кратка вежба за природно подигнување на градите

Почнувајќи од 1985-та, милиони жени подлегнале на безброј методи за подигнување на градите.

navistina-e-vozmozhno-kratka-vezhba-za-prirodno-podignuvanje-na-gradite-01.jpg

Градите биле инјекирани, подобрувани и им било додавано сѐ – почнувајќи од стаклени топки, до гума, сунѓери од формалдехид, пена од полиуретан, силикон и салина... листата нема крај. А, ние како општество изгледаме решени со идејата на противење на гравитацијата и новооформување на женските гради.

Но, што ако ви кажеме дека има природен начин за подигнување на градите? Не, не е шега, нити пак невозможно решение. Верувајте дека постои начин кој ќе го обожувате поради резултатите.

Станува збор за комбинација од медицинската топка и стомачни. Ова е еден од најдобрите чекори за било кој што сака да ги подигне градите.

„Кога правите стомачни, длабочината на секое повторување на стомачните што го правите со медицинска топка ги тера вашите пекторални мускули навистина добро да се истегнат и на овој начин успевате да истегнете повеќе од мускулот отколку при обични стомачни.“ – вели Кендал Вуд, коавтор на книгата „Core Fitness Solution“.

„Преку оваа вежба, сигурно ќего подигнете и задникот и ќе обезбедете безбедност и ќе спречете повреди. Штом користите топка за стабилност, секое повторување ви станува сѐ потешко и потешко. – токму затоа градите мускули. Сепак внимавајте на стабилноста т.е. вежбајте бавно за да избегнете повреди кои лесно можат да се случат.

Наместо медицинска топка може да користите подигната површина, два тега или Босу топка. Уште една тактика како да се справите со малата кондиција е да ги поставите колената на подот и да правите половични стомачни сѐ додека не сметате дека можете да ги направите целосно.

Како да правите стомачни држејќи медицинска топка во едната рака:

navistina-e-vozmozno-kratka-vezba-za-prirodno-podignuvanje-na-gradite-02

1. Легнете во стандардна планк позиција и поставете ја левата рака над медицинската топка.

2. Изведувајте стомачни така што ги зацврстувате рацете додека едната рака ви е на топката. Запомнете да ја задржите истата позиција на телото како во поза за нормални стомачни.

3. Пред да се вратите на стартната позиција, поставете ја топката во другата рака.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Јога пози со кои ќе го подобрите капацитетот на белите дробови Одредени јога пози ги „отвораат“ градите при што се подобрува протокот...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Баланс, енергија, медитација: Кои се придобивките од вежбите чи-гонг? Терминот „чи-гонг“ во буквална смисла значи култивација на животната енергија. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg