Колку чекори треба да правите во текот на денот за да ослабете?


Колку чекори треба да правите во текот на денот за да ослабете?

Одењето, односно пешачењето, докажано е наједноставниот начин на кој можете да ослабете, да си го подобрите здравјето и расположението.

kolku-cekori-treba-da-napravite-vo-tekot-na-denot-za-da-oslabete-01.jpg

Но, дали знаете колку чекори треба да направите за да ослабете?

Едно истражување покажува дека жените кои во просек прават по 3.520 чекори на ден (околу половина час пешачење) изгубиле повеќе од два килограми во текот на една година, без да ги менуваат прехрамбените навики.

Па, кој е просечниот број на чекори кои можете да ги направите додека одите или работите некои домашни обврски и како можете да дојдете до просекот за слабеење?

1. По минути

1 минута = 118 чекори

10 минути = 1.180 чекори

30 минути = 3.540 чекори

60 минути = 7.080 чекори

2. По километри

1,6 километри = 2.000 чекори

4,8 километри = 6.000 чекори

8 километри = 10.000 чекори

12,9 километри = 16.000 чекори

3. По домашни работи

Пазарење = 67 чекори

Бришење на под = 101 чекор

Чистење со правосмукалка = 94 чекори

Работа во градина = 89 чекори

Совет: Малите промени во секојдневието можат да ви помогнат да го зголемите бројот на чекори кои ги правите во текот на денот. На пример, обидете се да пешачите по скали, наместо да се качувате во лифт или да пешачите до работа наместо со автомобил.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку често треба да се мерите на вага, кога сакате да ослабете? Првобитно се веруваше дека честото мерење на телесната тежина само создава прити...
Како да бидете во форма и без вежбање? Ако немате време да одите во теретана, после работа веројатно ве чекаат домашни ...
1 вежба, 4 минути на ден и за 1 месец ќе имате постегнато тело Секако дека сите сакаме да бидеме во добра форма и свесни сме дека колку и да се...