Одите на сè или ништо: Ставови кои ве спречуваат да ослабете

Во време кога многу работи се сведуваат на изгледот, притисокот да бидеме во добра форма е огромен.

odite-na-se-ili-nishto-5-mentalni-stavovi-koi-ve-sprechuvaat-da-oslabete-01.jpg

Најчесто размислуваме за диети и вежбање во летниот период, кога треба да го покажеме телото на плажа, но грижата за себе треба да трае преку целата година.

Како што е познато, диетите и вежбањето не се секогаш гаранција за успех. Многу психолози тврдат дека менталниот пристап е клучен за губењето килограми, и кај жените, и кај мажите.

Ако сè е во умот, следниве 5 ставови се погрешни и ве спречуваат да ослабете:

Ги сметате промените во животниот стил за привремени

„Ајде, ќе издржам овие 2 месеца и после пак ќе си јадам што сакам“. Ако се пронаоѓате во оваа реченица значи дека од старт имате погрешен пристап кон новиот животен стил.

Ако тешко можете да одолеете на вкусна храна и мразите да вежбате, не можете да постигнете резултати. Морате да се обидете да ги гледате новите промени како нешто позитивни, нешто што конечно ќе успеете да го постигнете и ќе ве направи позадоволни со себеси.

Се срамите од изгледот на телото

Да, сте качиле неколку килограми повеќе и сега сакате да се вратите на старата тежина, но пред да започнете со диета или режим на исхрана и вежбање, морате да го прифатите изгледот и обликот на телото.

Ако секогаш кога се погледнувате во огледало се чувствувате мизерно, тешко дека ќе успеете во вашата цел. Секако дека тоа е првиот чекор дека треба нешто да промените кај себе, но ако не се сакате целосно сега, нема да се сакате ни откако ќе ослабете.

Одите на сè или ништо

Не можете да си поставувате нереални цели – да ослабете 10 килограми за две недели, на пример. Губењето калории е различно кај секого и зависи од многу фактори.

Не треба да очекувате брзи резултати бидејќи тоа не е возможно. Не се форсирајте на почетокот и почнете да ја остварувате целта чекор по чекор.

odite-na-se-ili-nishto-5-mentalni-stavovi-koi-ve-sprechuvaat-da-oslabete-02.jpeg

Ве фаќа паника од помислата дека треба да најдете време за вежбање

Одвај наоѓате време за да погледнете некој филм или да го однесете детето во парк, а камоли за вежбање. Како ќе успеете да постигнете сè без да полудите? Нека не ве фаќа паника од оваа помисла бидејќи така од самиот старт си правите ментални пречки дека нема да можете да се справите со сè.

Размислувајте позитивно, направете план на активности, запишете што треба да се направи ако така ви е полесно. Сè може да се постигне ако се има доволно силна волја.

Почесто мислите на храната што не смеете да ја јадете, отколку на она што треба да го јадете

За многу луѓе, храната претставува задоволство од кое тешко можат да се откажат. Пред да почнете со режим на исхрана, морате да ги промените ставот кон храната.

Мислете на тоа колку добро ќе изгледате и колку добро ќе се чувствувате ако се храните поздраво. Не ги следете слепо диетите и најдете нешто што вам ќе ви одговара.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Вежби со кои ќе ја затегнете кожата на вратот (и ќе се ослободите од подбрадокот) За овие вежби не ви е потребна апсолутно никаква опрема и можете да ги направите...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg