Невестински бидермаери кои никогаш нема да овенат (фото)


Невестински бидермаери кои никогаш нема да овенат (фото)

Пролетта ја разбуди природата, а со неа започнаа и свадбените подготовки. Да се биде невеста не е така едноставно. Веројатно се чувствувате како да треба да внимавате на секоја ситница.

nevestinski-bidermaeri-na-novoto-vreme-2.jpg

Планирање, диети, организација, шминка, фризура, гости, списоци... си мислите како на оваа листа да и нема крај. Мораме да признаеме не сте далеку од вистината.

Сепак, шлагот на тортата е секогаш бидермаерот. Невеста без цвеќе не е целосна, а тогаш доаѓаме до дилемата кое цвеќе најмногу ќе одговара, каква боја да бидат цветовите и најважно од сѐ, како да го одржуваме и да не дозволиме да се исуши.

Артистката Евелина Алелуинен го искористила своето слободно време да направи спој на сите карактеристики на еден невестински бидермаер, а притоа и дозволила на креативноста да ја преземе ситуацијата во свои раце.

Нејзините креации се вистинска умешност и дефинитивно може да прераснат во една семејна традиција.

Дали вие би го замениле класичниот цветен бидермаер со еден интересен спој на хартиена креација, одлучете сами.

 С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Романтични венчаници за пролет 2017 (фото) Колекциите невестински фустани наменети за пролетната сезона во 2017-тата година...
Што треба да знаете ако бидете бремена невеста? Ако планирате свадба додека сте бремени, сигурно имате поголеми и поразлични про...
30 фотки кои ќе ѝ бидат од помош на секоја зимска невеста Секоја невеста на која „ѝ се брза“ од различни причини, па свадбата ја планира с...