10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година

Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминантни модели кои можеби ќе ви ја дадат потребната инспирација.

10-modeli-na-venchanici-koi-kje-bidat-hit-vo-2024-godina-01.jpg

Ако најважниот ден од вашиот живот, моментот на венчавката, го избравте за оваа година, добро би било да погледнете кои невестински фустани ќе бидат тренд годинава. Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави… погледнете ги овие доминантни модели кои можеби ќе ви ја дадат потребната инспирација.

Кои модели на венчаници ќе бидат хит оваа година?

Спуштени ракави под рамената

Најдобриот тренд за 2024 година се спуштените ракави под рамената.

Ова прекрасно кралско деколте го привлекува вниманието, а во комбинација со него е и кројот на фустанот со висок струк: вградената конструкција го обликува струкот, давајќи му одличен и впечатлив изглед.

10-modeli-na-venchanici-koi-kje-bidat-hit-vo-2024-godina-02_copy.jpg

Шарени цветови

Следно за што би можеле да се одлучите, се шарените цветни декорации.

Додаваат боја и сладок впечаток во невестинскиот изглед.

10-modeli-na-venchanici-koi-kje-bidat-hit-vo-2024-godina-03_copy.jpg

Одвоени ракави

Ако сметате дека спуштените ракави се премногу обични, прифатете го овој тренд на ракави што се одвојуваат. Всушност, тие се одвоени од фустанот и се прицврстени на рацете со помош на ластик.

Ваквите ракави може да ги дизајнирате во различни стилови, како на пример со тантела, надуени ракави и слично.

10-modeli-na-venchanici-koi-kje-bidat-hit-vo-2024-godina-04_copy.jpg

Проѕирен долен дел на фустанот

Честопати комбиниран со висок шлиц, овој модел има полупроѕирен долен дел на фустанот од мрежа или тул, со разголени нозе.

10-modeli-na-venchanici-koi-kje-bidat-hit-vo-2024-godina-05.jpg

Фустан без прерамки со украсна тантела

Станува збор за тантеласо поголеми празнини, а ефектот е уште подобар од традиционалната. Голите рамена даваат дополнителна нежност и сензуалност.

10-modeli-na-venchanici-koi-kje-bidat-hit-vo-2024-godina-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Кул идеја за свадбени декорации: Детали во впечатливи бои кои создаваат контраст (фото) Без разлика дали станува збор за шарени цветови, свеќи и чаши со впечатлива боја...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg