Тино и Атанас: Една танга знае да направи општ хаос позади сцена!


Тино и Атанас: Една танга знае да направи општ хаос позади сцена!

tino-i-atanas-edna-tanga-znae-da-napravi-opst-haos-pozadi-scena-01.jpg

Ги знаеме како Тино и Атанас, ги препознаваме како момците кои внесоа една поинаква енергија на Златна Бубамара. Но, она што не го знаете е дека на театарската сцена влегле на многу интересен и случаен начин.

Во едно се согласуваат најмногу: Театарот им е прва љубов. А, за останатите пасии и кои се Тино и Атанас во приватниот живот, малку повеќе во нашиот разговор во нивниот втор дом – Театар Комедија.

Опишете ми се во 3 збора?

Тино: Е, како да се опишам. Јас можам друг да опишам. Еве, добар другар, некористољубив и црни очи, хаха.

Атанас: Не знам. Мене многу ми е чудно тоа. Опиши се во три збора.

Кога ќе пораснам сакам да бидам?

Тино: Уф, космонаут.

Атанас: Борач.

tino-i-atanas-edna-tanga-znae-da-napravi-opst-haos-pozadi-scena-1.jpg

Како станавте актери?

Тино: Па летото кога завршив средно не знаев што да се запишам. Боце другар ми што игра во Детски театар ми рече: Што не одиш глумец да бидеш? И ете така се запишав.

Атанас: Пробав да бидам борач, ама не бев за тоа роден, Се запишав на пливање и бев перспективен доста, ама после тоа се налутив на цел свет и се откажав од тоа. Надежта ми се врати во 7-мо одделение кога сфатив дека има детско драмско студио и место каде што можеш да се дружиш со твоите врсници.

Како ви почнува денот?

Тино: Ако треба рано да станам, а не станувам рано, хахаха најбрз начин ми е да видам проток на информации, за да можам да се расонам побрзо. Отварам портали, интернет, прелистувам информации и се расонувам.

Атанас: Мене всушност секој ден ми почнува скоро исто. Живеам со баба ми, она секој ден ми прави турско кафе и така почнувам.

Препознатливи како Тино и Атанас, Атанас и Тино... сте размислувале ли некогаш да се одвоите?

Тино: Ние сме си одвоени, само што луѓето почнаа така да нè препознаваат. Ама освен претставите што ги играме заедно, одвоено глумиме во многу претстави. После Златна Бубамара некако станавме претпознатливи како дуо. На пример: здраво јас сум Тино од ТИно и Атанас, така почнав на шала да се претставувам.

Атанас: Ние толку длабоко влеговме во ова така што го градиме заедно. Тоа е исто како да ги одвоиш Рик и Морти од истоимената серија, а тие ја прават серијата. Многу е едноставно, ако ги одвоиш тогаш ја немаш серијата.

tino-i-atanas-edna-tanga-znae-da-napravi-opst-haos-pozadi-scena-2.jpg

Имате ли ритуал пред претстава?

Тино: УФ немам. Добро освен да замарам луѓе. Има глумци што им треба тишина, и мене најинтересно ми е на нив да им одам и да ги замарам, а јас сакам да ги доведувам до лудило, да се изнервираат.

Атанас: Да да, јас за разлика од Тино, морам да испијам еспресо пред претстава.

Позади сцена? Споделете ми нешто интересно од позади завесата...

Тино: Има интересни секојдневни ситуации. На сцена не е толку драматично колку позади завеса. На пример на Вардарски Пастуви тангата ја носиме неколку луѓе. И пред некоја изведба ја немаше тангата и почнаа да викаат позади сцена, стана општ хаос и паника Тангата ја нема, тангата ја нема...

Атанас: И мене во моментов ми текна на истото, хаха.

Игор Џамбазов се појави на Стјуардеси, како?

Тино: Ние тој ден дојдовме од снимање на кое бевме заедно. Кога влеговме на претстава он влезе во бифе. Претходно зборувавме и ни објаснуваше дека пред 20 години во Драмски бил претпознатлив по тоа дека влегувал на претстави и кај што игра и кај што не игра.  Он кога влегувал на сцена, јас сум имал 6 години. Игор сфатил дека ни е интересно и на крај на претстава на последна сцена влезе и беше баш лудо.

Ве знаат како момците од театар, ама што е тоа што луѓето не го знаат? Кои се Тино и Атанас дома?

Тино: Луѓето не знаат дека сум луд гејмер. Играм Дота скоро исто колку што мислам и на театар. Знам да се вратам мртов уморен и да седнам за да играм. Имам и мачка, персиска и тоа. Ја чувам една година, до пред некое време ми се однесуваше како девојка, а сега како мајка ми се однесува. Ми се лути кога нема да станам по дома, баш како мајка.

Атанас: Искрено јас не сакам да знаат луѓето повеќе од ова што го знаат. Треба да го знаат Атанас на сцена и тоа е тоа. Не треба да се знае ништо приватно за Атанас. Не сакам да се занимаваат со мојот приватен живот. Ми се случи една дама после претстава да ми каже дека на сцена сум бил мангуп, а тука сум шупак, хахаха. Што значи се поистоветувала со мојот лик и тоа е добро.

tino-i-atanas-edna-tanga-znae-da-napravi-opst-haos-pozadi-scena-3.jpg

Ви се случило некогаш приватно на девојка да ѝ глумите?

Тино: Не не, тоа не. Ама се служиме со штосови театарски. Ама не дека се служам со тоа, туку тоа ми е професионална деформација. Работам во театар и театарот ти го менува начинот на живот.

Атанас: А, не не. За да и глумиш треба да се подготвуваш за тоа. Сакам да сум искрен.

Момци, ако не сте во театар, каде сте?

Тино: Капан Ан, таму пуштам и музика. Епицентар, минус еден. Бифе, многу нормално.

Атанас: Во бифе.

Знае ли театарот да направи проблем на приватен план?

Тино: Знае. Ама ако знаеш да ги одбереш вистинските луѓе и ако знаат што работиш тогаш нема да имаш проблем. Вистинските луѓе ќе те разберат.

Атанас: Се има случувано, ама тие работи одма ги разграничувам, затоа што тоа ми е свето. Тој е мој личен свет каде што не сакам никој да ми се меша.

tino-i-atanas-edna-tanga-znae-da-napravi-opst-haos-pozadi-scena-4.jpg

Сакам да имам време за...?

Тино: За шетање по светот. Да не сум врзан со 1.600 претстави во театар. Сакам да имам неколку слободни дена, ама секогаш имаш само 2 дена слободни, никогаш не можеш да имаш 10 дена слободни.

Атанас: Сакам да имам повеќе време за на планина. Таму се други правила. Секое време што го имам го користам да го поминам на планина.

Автор: Сања Стојковска
Фото: Костадин Калошев
(c) CRNOBELO.com 2016

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов: Не, немам ќерка! Го знаеме како актер, водител, шоумен, а можеби и никогаш не сте знаеле дека сак...
Катарина Ивановска: До 3-ти месец ни моите дома не знаеја дека сум бре... Во Македонија и Скопје ја знаеме како Кики, девојката која што надвор од овие гр...
Владимир Мандичевски – Манде: Во '90-тите го одбегнавме турбофолкот, н... Скопје и Македонија паметат многу културни настани, концерти и музичари кои напр...