Неколку корисни трикови за организација на работната маса

Организирањето на работната маса или работниот простор не е секогаш лесна задача. Опкружени сте со многу хартии, документи, кабли и мали ситници кои можат да создадат голем неред.

nekolku-korisni-trikovi-za-organizacija-na-rabotnata-masa-01.jpg

Со овие едноставни трикови можете да ги избегнете овие проблеми и да се организирате:

Започнете од нула

Ако чистењето на нередот по принципот малку по малку не ви функционира, започнете од нула и ставајте ги на масата работите кои навистина ви требаат, едно по едно.

Ставете ги сите непотребни работи во кутии и продолжете со работа. Кога ќе ви бидат потребни ставете ги на масата. Ако некои работи не ги користите неколку дена, веројатно не ви се потребни.


Најдете ги проблематичните места

Тешко е да се гледа на работниот простор објективно, но доколку го сликате бирото ќе добиете нов увид во ситуацијата.

Ќе бидете изненадени изненади од тоа колку работи ќе добијат поинаква перспектива.


Зголемете го вашиот простор

Доколку имате премногу важни работи на масата, решението е очигледно - зголемете го вашиот работен простор или додадете дополнителни полици, фиоки и сл.

Чистете ја масата по завршувањето на работните задачи. На тој начин ќе ја одржувате чиста масата и ќе знаете каде ви се сите важните работи за следниот ден.


Не претерувајте

Од време на време е потребна организација на работната маса, но не треба ни да се претерува. Со тоа губите драгоцено време.

Научете да препознаете кога е време за средување. Совршенството може да има огромна штета врз продуктивноста.


Уште неколку корисни трикови:


Спојувалки како држачи за мобилни телефони

nekolku-korisni-trikovi-za-organizacija-na-rabotnata-masa-1.jpg


Тоалетна хартија за чување на каблите

nekolku-korisni-trikovi-za-organizacija-na-rabotnata-masa-2.jpg


Контролирајте ја насоката на вашиот Wi-Fi сигнал

nekolku-korisni-trikovi-za-organizacija-na-rabotnata-masa-3.jpg


За организација на фиоките користете калапи за мафини и колачи

nekolku-korisni-trikovi-za-organizacija-na-rabotnata-masa-4.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg