Што добивате, а што губите ако сте работохолик?

Работите повеќе од 10 часа на ден? Имате потреба постојано да правите нешто? Тешко се релаксирате и цело време мислите на работа? Вие сте работохолик.

shto-dobivate-a-shto-gubite-kao-ste-rabotoholik-01.jpg

Ова не е негативна особина, напротив, денес многу се ценат работохолиците, но ако во одреден момент станете преокупирани со работа, а вашиот семеен живот почнува да страда, тогаш имате проблем.

Експертите овој проблем го опишуваат како семејна болест, која обично се пренесува од родител на дете, бидејќи луѓето кои многу работат најчесто сакаат да ги потиснат своите емоции.

Кај овие луѓе нивото на адреналин се зголемува, како резултат на успехот во бизнисот, но потоа обично влегуваат во период на исцрпеност, нервоза, недостаток на доверба, анксиозност и депресија.

Зависните од работа обично се толку зафатени со работата, што немаат време за семејството и пријателите.

Во денешно време општеството ги цени овие луѓе и тие обично се фалат со овој факт. Главниот проблем со кој се соочуваат луѓето зависни од работа е дека тие сметаат дека повеќе работа носи повеќе пари, а повеќе пари значат повеќе среќа. Се работи за еден маѓепсан круг кој генерално не носи задоволство.

Потребно е да балансирате меѓу професионалниот и приватниот живот. Потоа сé ќе стане полесно.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg