Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Уметноста на одбивањето: Зошто е тоа добро за вас?

За да бидете уметник потребно е да знаете да се справите со неуспех и одбивање. Факт е дека токму во тој свет шансите за одбивање се најголеми. 

umetnosta-na-odbivanjeto-zosto-e-toa-dobro-za-vas-01

Но, она што ги чини уметниците тоа што се е справувањето со одбивањето. Голем број великани многупати не успеале пред да се прослават.

И еве зошто одбивањето е најдобриот пријател на уметниците:

1. Имате добро друштво од великани

„Ве информираме дека за жал...“ не е баш најубавата фраза која секој би сакал да ја чуе. Одбивањето е ужасно чувство кое може долго време да ве измачува. Но, вие не сте единствените кои поминуваат низ тоа.

Сетете се само на Шекспир, Пикасо, Бијонсе, Спилберг и сите останати кои требало да се справуваат со луѓе кои не ја ценат нивната работа. Ако почнете да размислувате на таков начин тогаш ќе сфатите дека тоа е само дел од процесот.


2. Добивате чувство на самопотврдување

Што е дефиниција за слава? Некој што не го знаеш да те знае. Фактот што некоја важна личност го видела вашето дело треба да ви даде охрабрување и чувство на самопотврдување и да ве натера да продолжите да се обидувате.


3. Како поинаку би се подобриле?

Кога не би постоеле одбивањата, тогаш не би постоел простор за подобрување. Секоја грешка е лекција сама по себе. Ако некој ви кажал дека вашата работа не е доволно добра за јавноста, тогаш како би знаеле дека треба да се подобрите.

Критицизмот може многу да биде корисен – особено во светот на уметниците. Размислувајте вака: колку повеќе ве одбиваат – толку повеќе се трудите – уште толку повеќе ги зголемувате шансите за успех.


4. Кога ќе бидете успешни ќе се чувствувате уште подобро токму поради сите одбивања

Кога ќе успеете, среќата ќе биде уште поголема поради сите одбивања. Секое одбивање со кое ќе се соочите ја зголемува гордоста и среќата што ќе ја чувствувате откако ќе успеете. Единствено, мора да бидете трпеливи и напорно да работите.


5. Одбивањето е доказ за вашата генијалност

Можеби светот сѐ уште не е подготвен за вас. Но, тоа не значи дека вашата работа не е доволно добра. Тоа значи дека вие размислувате поинаку од останатите и дека вашите 5 минути ќе дојдат наскоро.


6. Тоа ве тера да експериментирате

Да бидеме реални – не сѐ што ќе создадете е неверојатно. Не е, затоа што никој не е совршен. Сѐ што ќе напишете, нацртате или ќе измислите не е премногу генијално за светот.

Понекогаш не сте толку добри колку што можете да бидете. Одбивањето ве принудува да експериментирате со нови стилови и да ги подобрите вашите способности. Како резултат на тоа, ќе научите нови работи за себеси и за вашиот талент.


7. Успехот доаѓа заедно со одбивањето

Сите имаат пријател кој премногу го сакаат, но тој/таа има пријател/ка што на сите им досадува. И секако, кога и да се договорите нешто таа личност секогаш доаѓа со вас. Епа одбивањето е токму тоа.

Ако сакате да го уживате друштвото на успехот, мора да се навикнете и на присуството на одбивањето. Затоа, може да го промените начинот на кој размислувате и да станете пријател со одбивањето.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg