3 работи од кои треба да се откажете ако сакате да станете милионер

Доколку сакате да се консултирате со некој „експерт“ за тоа како да се збогатите, веројатно најдоброто што можете да го направите е да разговарате со милионер, кој самостојно го создал своето богатство.

3-raboti-od-koi-treba-da-se-otkazete-ako-sakate-da-stanete-milioner-001.jpg

Стив Сиболд е автор, предавач и еден од најпознатите експерти за тренинг и ментална контрола во светот. Како самоизграден милионер, Сиболд се посветил кон развој и подобрување на продажните стратегии на корпорации од типот на „Johnson&Johnson“ и „Toyota“.

Според неговото богато искуство, Стив верува дека секој го поседува во себе она што е потребно за да стане милионер.

„Како многу работи во животот, така и привлекувањето на парите не е нешто многу поразлично од тоа да научите втор јазик или да ја намалите килажата.“ – кажува Стив.

Во продолжение, прочитајте од кои 3 животни навики треба да се одвикнете, доколку сакате да се збогатите.

Купување на работи кои не можете да си ги дозволите

„Средната класа на луѓе е позната по тоа што живее живот надвор од сопствените можности“ – објаснува Сиболд. Оваа група на луѓе се токму оние кои најмногу се задолжуваат за остварување на своите лични животни задоволства.

На пример, тие се задолжуваат за да купат автомобил, да одат на некое полуксузно патување или да си дозволат некое задоволство кое е надвор од нивната финансиска рамка.

Токму затоа, Стив советува да го оттргнете фокусот од задолжувањето, па дури и од класичното штедење, и наместо тоа, да се насочите кон инвестирање. Клучот на успехот е во тоа денешната потрошувачка да ја одложите за во иднина.

Остварување на туѓите соништа

Многумина од најбогатите луѓе во светот ја постигнале својата цел, од причина што почнале да работат на остварување на своите соништа, наместо на туѓите. Кога ќе стекнете доволно храброст да се откажете од работниот живот со универзалното работно време од 8-16h и ќе почнете со остварување на своите идеи и реализации, тогаш ќе сфатите дека „самовработувањето“ е најбрзиот пат до успехот.

Фокусирање на штедењето

Никогаш немојте да размислувате како да заштедите, напротив, направете анализа како да заработите повеќе. Богатите луѓе буквално „магистрирале“ на оваа тема. Тие се еден тип на експерти кои се фокусираат на својата ментална енергија и истата ја фокусираат исклучително на бизнис со големи пари.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg