Работи што треба да ги знаете ако сакате да работите фриленс

Финансиското планирање е клучно

Бидејќи ќе немате постојат доток на пари, мора паметно да ги испланирате трошоците. Одвојте време за да одредите колку точно пари трошите секој месец, а потоа пресметајте колку проекти треба да завршите за да можете да ги покриете трошоците.

Секојпат имајте ги предвид и неочекуваните ситуации како задоцнета исплата од страна на клиентот, недостаток од клиенти, проблеми со вашиот компјутер и слично. На почетокот добро би било повеќе да штедите отколку да трошите, за да се подготвите за вакви ситуации во иднина.

Стресот е неизбежен

Можеби мислите дека кога немате шеф, ќе нема и стрес, но фриленс работењето може да биде многу стресно, особено ако не сте направиле добар план.

Не заборавајте дека понекогаш нема да можете да најдете клиенти, некогаш клиентите нема да ви платат навреме, некогаш тие нема да бидат задоволни од она што сте го сработиле…

Причини за стрес има безброј, па не заборавајте да најдете време за релаксација после работниот ден.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-da-rabotite-frilens-04.jpg

Можно е да се почувствувате осамено

Кога работите фриленс, речиси и да немате интеракција во живо со други луѓе. На почетокот ова можеби нема да ви претставува проблем, но со текот на времето можно е да се почувствувате осамено.

Затоа, добро е одвреме-навреме да работите на јавно место, но и да најдете време за дружба откако ќе завршите со работа.

Немојте веднаш да давате отказ од сегашното работното место

Дури и ако планот ви е да заработувате само од фриленс, немојте веднаш да давате отказ од сегашното работно место. Веќе напоменавме дека е потребно време за да се пробиете, па сигурно не сакате да останете без ниту еден извор на приходи.

На почетокот можете да го користите слободното време за фриленс работење, па дури кога ќе процените дека можете да заработувате доволно само од тоа, размислете за отказ.

Нормално, првите неколку месеци ќе бидат напорни, но голема е веројатноста дека трудот ќе се исплати.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-da-rabotite-frilens.jpg

Штом ќе влезете во рутина и ќе направите рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, фриленс работењето ќе ви стане многу полесно.

Најважно е да направите добар план, но и да не се откажувате првите неколку месеци, бидејќи тие се најтешките.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg