Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги?

Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем прашајте од каде им е парчето облека, новата чанта, новите чевли… Нови нокти? Нова вратоврска? Нови трепки? Нов фустан? Знаете како треба да постапите. Нарцисите најчесто се трудат да ги импресионираат другите со својот изглед.

pofalete-gi-dozvolete-im-da-pobedat-nachini-kako-da-se-spravite-so-narcisoidnite-shefovi-01.jpg

Нарцисоидните личности многу често знаат да ги нервираат другите околу себе. Ако е некоја личност која и не ви е толку важна во животот, лесно може да се оттргнете и да бидете оставени „на мир“. Но, најтешко е да се справите со нарциси кои не можете лесно да ги отфрлите од вашиот живот.

Ако се случи да имате ваков шеф или колеги, треба само да научите да живеете со тоа. Ако научите правилно да постапувате, тогаш тоа би можело да ви помогне да стигнете на повисоко скалило во вашата работна кариера.

Доколку се наоѓате во ваква ситуација, тогаш погледнете ги овие 9 лесни начини како да се справите со вашите нарцисоидни претпоставени и колеги:

Пофалете го нивниот изглед

Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем прашајте од каде им е парчето облека, новата чанта, новите чевли…

Нови нокти? Нова вратоврска? Нови трепки? Нов фустан? Знаете како треба да постапите. Нарцисите најчесто се трудат да ги импресионираат другите со својот изглед.

pofalete-gi-dozvolete-im-da-pobedat-nachini-kako-da-se-spravite-so-narcisoidnite-shefovi-03.jpg

Наместо „јас“, користете „ние“

Нарцисите сакаат да се чувствуваат како шефови, секогаш! Еден начин да го постигнете ова е да направите да се чувствуваат дека имаат огромен придонес во работата што ја работат.

Тие повеќе се мотивирани ако слушаат „ние“, наместо „јас“. На пример, кажете „Сакаме да ги подобриме работите“, наместо „Сакам да ги подобрам работите“. Кажете „Ние можеме да го направиме ова“, „Ние го можеме најдоброто“…

Со тоа што ќе користите „ние“, тие ќе се чувствуваат поважно, а ако вашиот предлог е доволно пристоен, поголеми се шансите да биде одобрен.

pofalete-gi-dozvolete-im-da-pobedat-nachini-kako-da-se-spravite-so-narcisoidnite-shefovi-07.jpg

Пофалете го нивното добро однесување

Нарцисите се како несигурни мали деца, кои секогаш се гладни за пофалби од каков било вид. Затоа, фалете ги постојано и постојано…

Но, не фалете го само нивниот изглед или нивната работа, туку пофалете го и нивното добро однесување, а правете го тоа што е можно почесто.

Нема гаранција, но ако ги пофалите, може само да ги мотивирате да прават повеќе и повеќе, со цел да слушнат уште пофални зборови.

pofalete-gi-dozvolete-im-da-pobedat-nachini-kako-da-se-spravite-so-narcisoidnite-shefovi-05.jpg

Дозволете им да победат

Кавгата со нарцисите е залудна, затоа што речиси никогаш нема да победите. Колку повеќе ескалира вашата кавга, толку повеќе тие ќе се обидуваат да ви докажат колку грешите. Па, најмудрото нешто што може да го направите е да дозволите да победат.

Ништо што ќе речете нема да го промени нивното гледиште или однесување. Па, освен ако не се работи за некоја многу лоша одлука која потенцијално може да ѝ наштети на компанијата, оставете ги да победат.

pofalete-gi-dozvolete-im-da-pobedat-nachini-kako-da-se-spravite-so-narcisoidnite-shefovi-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg