Еве што треба да премолчите од партнерот

Не станува збор за лажење на партнерот, бидејќи една врска изградена врз лаги никогаш не успева. Станува збор за работи кои треба да останат ваша лична приватност.

eve-sto-treba-da-premolcite-od-partnerot-1.jpg

Веќе знаете дека секој човек треба да има своја приватност која ќе ја чува само за себе, па затоа ова се неколку работи кои вашиот партнер не би требало да ги знае:

Детали околу сексот со бившите партнери

Во ред е и доколку ве праша дали сексот со бившите партнери ви бил добар или лош, може дури и да направите шега на ваша сметка доколку сте едни од оние парови кои се разбираат целосно.

Но, деталите околу сексот со бившите партнери никогаш не е добра идеја. Сигурно не сакате да вашиот партнер да се потсетува на него/ неа за време на секс со вас.

Тајните на вашите пријатели

Нема потреба вашиот партнер да ги знае сите сочни тајни кои вашите пријатели ви ги доверуваат само вас, со мислење дека нема да кажете никому.

Исполнете го нивното очекување и чувајте ги за себе. Не ги кажувајте никому, дури ни на својот партнер.

Семејните разговори

Исто како и тајните на пријателите, семејните разговори се нешто што треба да остане помеѓу вас и вашето семејство.

Вашите фантазии кои не го вклучуваат него

Секој човек фантазира за некоја друга личност во кревет која ги исполнува секои негови желби, кои партнерот ги смета за чудни.

Доколку му откриете на партнерот за ваквите фантазии голема е веројатноста сексот кој сте го имале два пати на ден, да се намали на два пати во неделата. Затоа задржете ги вашите фантазии кои не го вклучуваат него само за себе.

Вашите пубертетски глупости

Доколку сте во почетна фаза на врска, пубертетските глупости од кои се срамите, подобро е да не ги кажувате. Оставете ги тогаш кога вашата врска ќе влезе во позрела фаза, бидејќи во спротивно партнерот може да го оформи првиот впечаток за вас судејќи по нив.

Раскажувајте ги кога подобро ќе ве запознае и ќе сфати дека тие навистина биле пубертетски глупости кои сега ви изгледаат смешни.

Што вие премолчувате од партнерот?

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg