6 сигнали кои најавуваат дека врската станува сериозна

На почетокот на секоја врска сосем нормално е партнерите да не знаат дали врската е осудена на успех или пропаст.

6-signali-koi-najavuvaat-deka-vrskata-stanuva-seriozna-1

Доколку партнерите одлучат да ја продолжат таа може да води во два правци, едниот е правец на навика и губење време, а другиот е правец на сериозноста и успехот.

Дознајте дали врската во која сте моментално оди кон вториот правец со помош на овие 6 сигнали.

Сте ги запознале пријателите и семејството на партнерот

Намерно или ненамерно вашиот партнер ве запознал со голем дел од неговите пријатели и вие сте целосно прифатени во неговото друштво. Не само тоа, исто така сте запознале некои членови на неговото семејство што е прв сигнал дека врската станува сè посериозна.


Не се депилирате постојано

Не ви пречи брадата или пак влакненцата на интимната зона, а истото се случува и со вашиот партнер. Вие знаете дека иако сте во врска не треба да се запоставувате, но постојаната депилација не е еден од вашите приоритети повеќе, бидејќи веќе знаете дека вашиот партнер ве сака онакви какви што сте.


Спиете заедно без да „спиете заедно”

Сте стигнале до третото ниво на врската и сте се вселиле во станот на партнерот или пак постојано преноќувате еден кај друг бидејќи тоа започнува сè повеќе да ви се допаѓа. Не ви се допаѓа само поради редовниот секс и неколку пати во вечер, туку и поради живеењето заедно со партнерот кое ви причинува задоволство и пријатно чувство на вдомување.


Не ви пречи немиот разговор

Понекогаш навистина нема што да се каже дoколку сте заедно со партнерот подолго време, а посебно ако живеете заедно немиот разговор ќе го водите барем еднаш неделно. Тоа е разговор во кој зборува тишината додека вие спокојно одмарате во прегратките на партнерот, но истото не ви пречи бидејќи тишината понекогаш ви годи и на двајцата.


Не се ни сеќавате на бившиот партнер

Бившиот партнер претставува далечно минато за вас. Вие понекогаш и заборавате дека постоел, а тоа е добар сигнал кој покажува дека врската со новиот партнер ви годи и станува сè посериозна.

6-signali-koi-najavuvaat-deka-vrskata-stanuva-seriozna-2

Правите планови за заедничка иднина

Свесно или несвесно правите планови за иднината, одлучувате како ќе ги воспитувате децата, иако можеби го правите тоа на шега, истото ве исполнува и вас и партнерот. Тоа е еден од најважните сингнали кој доколку постои е знак дека врската добива цврст темел и е на добар пат кон сериозноста.

Доколку сигналите постојат во вашата врска, уживајте во неа и преминете на следното ниво доколку се чувствувате навистина подготвени!

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg