Македонските девојки откриваат: Која е разликата помеѓу дечко за една ноќ и дечко за врска?

Видовме што имаат да кажат момците на темата девојка за една ноќ и девојка за озбилно, а голем број девојки добија интерес да прокоментираат на оваа тема од свој аспект. Ако девојката за една ноќ според момците требаше да биде „надарена“, разголена, секси, пијана - каков треба да биде дечкото за една ноќ?

makedonskite-devojki-otkrivaat-koja-e-razlikata-pomegu-decko-za-edna-nok-i-decko-za-vrska-01.jpg

Каков живот води - таква девојка бара, тоа е мојот начин за дешифрирање на мажите. Ако е љубител на кафани и клубови и го сретнам на некое такво место, знам дека бара девојка за забава и ништо повеќе. Таквите обично се полесно достапни, додека дечкото кој бара сериозна врска обично води помирен живот и голема е веројатноста дека ќе го запознаам преку заеднички пријатели. 
Симона (24), Скопје


Генерално, за мене маж за една вечер е некој со кој претходно веќе сме имале нешто – значи бивши дечко, мувач или секс пријател. И секако, клучен е сексот кој сте го имале претходно – ако бил добар, никој не може да ве сопре па макар да го направите тоа и во тоалет во диско. Не би се решила да легнам со некој што прв пат го гледам во животот. За озбилно е оној кој ќе се потруди малку повеќе – но, ова не може да се оцени од една вечер, особено не ако сте и двајцата под дејство на алкохол.
Катерина (29), Скопје


Дечко за една вечер посебно доколку го запознаам во ноќен клуб би го препознала по неговите прашања упатени кон мене, од типот – „Дали сум слободна подоцна“ или „Дали ми се допаѓа неговиот автомобил“. Доколку ми ги постави овие прашања очигледно е дека сака да го испробаме само неговото задно седиште од автомобилот и ништо повеќе. Дечко за врска би се поставил многу поразлично, би те прашал дали може да те испрати до дома, а потоа би договорил состанок сред бел ден. Прво би се обидел да ме запознае, да стане мој пријател, а дури потоа мој дечко. 
Нина (21), Скопје


Дечкото за една вечер слободно им приоѓа на девојките, нарачува пијалок за нив без да ги праша, постојано го коментира нивниот физички изглед и употребува веќе застарени финти за да ја придобие, нормално само за една вечер. Другото утро сигурно нема да се сеќава ниту што кажал. Главен адут му е автомобилот купен од неговите родители и веднаш ја нуди девојката да ја одведе дома со него само за да добие нешто по пат.

Дечкото за сериозна врска внимателно ти се приближува и се распрашува за тебе индиректно. Не сака да биде во центар на внимание и не сака да се експонира премногу, доволно само за ти да го забележиш. Договара состанок и остава на тебе да одбереш место и време бидејќи не сака да остави впечаток на дечко за една вечер. Во текот на состанокот ќе се плаши да не каже нешто погрешно и со тоа ќе забележиш дека е дечко кој сака нешто повеќе од тебе освен секс. 
Даниела (25), Неготино


Дечко за една вечер можам да најдам секогаш кога ќе го посакам, зашто сметам дека девојките бираат и знаат како да манипулираат. Единствено треба да се одбере само кој дечко е за една вечер. Знаат и машките денес да глумат недостапни и недопирливи, па не претерувам со пребирање кога не е некој што одамна ми се свиѓа. Важно е да има само јака хемија и да бидам на чисто со себе дека не очекувам ништо повеќе од него.  - Дечкото за врска сметам дека тој е оној кој треба да ме освои, да ми пријде и да знае што сака. 
Ивана (19), Скопје

Уште 6 одговори на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg