Македонските девојки откриваат: Која е разликата помеѓу дечко за една ноќ и дечко за врска?

makedonskite-devojki-otkrivaat-koja-e-razlikata-pomegu-decko-za-edna-nok-i-decko-za-vrska-02.jpg

Главната разлика е во начинот на кој приоѓаат. Дечкото што сака секс авантура само за вечерта, директно го кажува и бара тоа. Тој не ти бара број, не те части пијачки, туку те прашува што правиш откако забавата во дикотеката ќе заврши. За разлика од него, дечкото што е „материјал за врска“ се труди многу повеќе. Тој нема да те праша каде ќе продолжите, туку ќе те праша што правиш утре, задутре, дали си за кафе, вечера... –  Ивона (23), Скопје


Оној што постојано ти се фали со своите квалитети две минути откако ќе го запознаеш и не ти дава збор е дефинитивно дечко за една вечер, со кој сигурно не би сакала нешто повеќе. Кој трпи некого постојано да сака да биде во центарот на внимание и во секоја негова реченица да го користи зборот – „Јас“? Дечко за врска е оној што нема да ме осудува, нема да ме прашува за моето минато и тоа со колку мажи сум спиела досега бидејќи единствено ќе го интересира само мојата иднина со него, а не минатото со бившите. Тој нема да биде нападен, ќе биде внимателен и добар, едноставно како да сум се запознала себе си, само во машка верзија. – Андреа (20), Битола


Сметам дека нема поента во дечко за една вечер. Подобро е да имам врска и редовен секс, отколку случајни излети кои не знам како ќе завршат. Сепак сексот не е толку наивен за да биде само задоволување на потребата и да може со сигурност да се заштитам дека утредента нема да чувствувам нешто повеќе. Затоа, ако веќе мора да бирам секогаш би го одбрала оној кој ми се допаѓа подолго време и со кој посакувам врска, па и да не се случи, барем ќе бидам среќна што не е некој случаен и непознат. – Тина (28), Скопје


Дечко за една вечер може да ми биде само некој што ми претставува предизвик, ми делува недостапен или одамна го посакувам. Важно е само да е згоден, популарен, фраер од кој не ни очекувам нешто многу паметно или некое специјално случување, само да си поминеме убаво барем една вечер. За таквите немам чувства. Дечкото за врска може да не е ни блиску убав како фраерот, ама важно е да ми го посветува целото внимание, да сака да ми угоди, да знае да ме сослуша и да ме обожава. – Даниела (24), Скопје


Јас мислам дека разликата помеѓу дечко за врска и дечко за една вечер се неговите погледи и допири. На пример вчера се запознав со момче кое веднаш седна до мене, почна да ме гушка, да ме бакнува во образ, да ме гризе, пред неговите и моите пријатели, во пијана состојба. Мислам дека момче што сака нешто посериозно со тебе не би го правел тоа. Неговиот поглед шараше наколу во здолништата на девојките околу нас и тогаш сфатив дека тој сака само секс и ништо повеќе. Подоцна дознав дека истото го правел со сите девојки што ќе ги запознаел. Дечко за врска не би го правел тоа, тој би внимавал на неговиот говор, поглед и допири во врска со мене. – Марија (22), Охрид


Не бирам специјално дечко за една вечер, туку едноставно може да ми се случи ако сум добро расположена, малку поднапиена и да ми биде симпатичен. Со тоа што се случува нешто меѓу нас на пијанo, на прво видување, јасно ми е дека е само за таа вечер. Дечкото за врска, секако мора да го знам од претходно, да знам работи кои ми се допаѓаат кај него, покрај физичкиот изглед, да сме имале некаква комуникација претходно и да можам да се замислам во врска со него. – (Ана, 25), Скопје

Во случај да ги пропуштивте машките одговори, прочитајте ги тука.

Е.П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg