Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на познатите дами? (18+)

Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат најмногу во сексот познатите дами?

goca-trzhan-saka-seks-na-javno-mesto-kim-kardashijan-kucheshka-poza-shto-im-e-omileno-vo-seksot-na-poznatite-18-01_copy_copy_copy_copy.jpg

Светските (и неколку балкански) ѕвезди со јавноста делат скоро сè, па дури и деталите од спалната соба.

Некои од нив отворено зборуваат за сексот, но и за омилените секс пози и нивните фетиши.

Кои се омилените секс-пози на познатите дами?

Ким Кардашијан

Ким никогаш не била срамежлива и не се плашела да се соблече. Таа во едно интервју изјави дека навистина ужива да биде гола, исто како и нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, и дека кога се заедно, секој момент го користат за да се соблечат.

„Канје секогаш ме поттикнува да се облекувам што е можно попровокативно, што дополнително ја зголемува мојата самодоверба“, објаснила Ким.

Таа откри дека нејзината омилена поза е кучешка.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Гоца Тржан

За српската пејачка Гоца Тржан сексот никогаш не бил табу тема. Нејзин фетиш е „сексот да е удобен и многу безбеден“.

Таа во една пригода кажа дека повремено сака да користи играчки кои може да помогнат во динамиката во креветот“.

„Секс колку што е можно повеќе и често, на сите места што ми паѓаат на памет“, изјавила Гоца.

Таа не крие дека сака секс на јавно место и дека имала неколку  интересни искуства. Гоца призна и дека неколку пати имала секс за една вечер.

Ријана

Пејачката, која наскоро ќе го роди второто дете, во различни интервјуа открила бројни секс тајни:

„Сакам да бидам покорна, тоа ми е навистина забавно во спалната соба. Тоа што можам да бидам ‘мала дама’ и да ме управува некој кој е тотално луд по мене.

Сакам да ме ‘казнуваат’ и ‘тепаат’, а тоа што ме врзуваат само ме излудува. Ми се допаѓа кога сè се случува спонтано. Игрите со лисици и камшици понекогаш се премногу планирани, па го губат шармот“, рекла таа.

Ријана во едно интервју кажа и дека редовно посетува секс-продавници, па кога била на патување во Сиднеј, таа купила две полни вреќи со камшици, вибратори, превези за очи.

Пред врската со АСАП Роки, таа отворено призна дека има навика да им испраќа голи фотографии на своите партнери и дека сака и тие да ѝ праќаат свои голи фотки на неа.

Џенет Џексон

Сестрата на Мајкл Џексон, пејачката Џенет Џексон, во неколку наврати изјави дека сака да купува секс играчки.

Таа некогаш оди во секс-продавници заедно со нејзините телохранители, а има изјавено и дека се смета себеси за вистински експерт, па не се двоуми да избере неколку сочни новитети и за своите пријатели.

„На моите девојки често им купувам еден куп работи, како вибратори, бидејќи кога сте на пат, токму тоа ви треба“, открила познатата пејачка во едно интервју.

Миа Борисављевиќ

Српската пејачка за медиумите изјави дека никогаш нема да го заборави сексот во авион на висина од 10.000 метри, но и водењето љубов во лифт.

„Не постои идеално време за секс, секој момент е добар. А пред партнерот сакам да глумам стриптизета“, изјавила таа.

Зои Салдана

Актерката Зои Салдана во едно интервју откри дека обожава неколку секс пози.

„Ја сакам мисионерската поза, но добро се чувствувам и кога сум на колена. Сакам секс на стоење, а не смеам да ја заборавам и кучешката поза“, рекла тaа.

Анџелина Џоли

Холивудската ѕвезда сака садо-мазо игри во сексот, па дури и сечење со партнерот.

Откако се омажи за Бред Пит таа призна дека престанала да го прави тоа и дека додека биле заедно немале екстремни моменти во сексот.

Прочитајте и Хејли Бибер отворено за сексуалниот живот со Џастин: „Омилена поза ми е кучешката, тој сака со часови да разговараме пред да имаме секс“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg