Љубовни совети кои нема да ги слушнете од постарите

Често во различни ситуации слушаме совети од повозрасните, поискусните  за тоа како треба нешто да се направи, на што да се внимава што е правилно или паметно.

vakvi-ljubovni-soveti-nema-da-slusnete-od-postarite-01

Особено во однос на љубовта, сметајќи дека треба да ја следиме нивната патека за долг брак и среќна љубов, може по малку да делуваме и чудно за околината. Некои времиња одамна се поминати, па затоа се потребни совети кои нема да ги слушнете од повозрасните.

Клучот за добрата врска е комуникацијата во кревет

Разбирањето, согласувањето и комуникацијата во креветот позитивно ќе влијае на вашата љубовна врска. Споделете ги со партнерот сите оние ситници кои сакате да ги пробате, а ви било срам да му ги кажете. Ако сте задоволни од љубовниот живот во креветот, врската ќе ви биде подобра, а вие ќе бидете посреќни и позадоволни.


Потсетете се на почетокот од врската

Се сеќавате ли на почетокот на врската кога сè ви беше повозбудливо и поинтересно? Веројатно сте излегувале на многу повеќе состаноци, јадевте и пиевте во популарни ресторани и правевте сè што сега не правите. Мора да прифатите дека периодот на „меден месец“ е зад вас, но од време на време да се потсетите на работите кои сте ги правеле тогаш. Ова сигурно ќе ви ја освежи врската и ќе ве потсети на тоа колку се сакате.

vakvi-ljubovni-soveti-nema-da-slusnete-od-postarite-2.jpg

Заборавете на традицијата

Живееме во 21. век и многу работи се променети во однос на времето во кое живееле нашите баби и дедовци. Заборавете на старата поговорка „патот до машкото срце доаѓа преку стомакот“. Денешните жени се самостојни, самоуверени, знаат што сакаат и сигурно е дека местото не им е само во кујната. Допуштете му на мажот да ви ги покаже своите вештини во кујната. Парот кој е рамноправен во сè е пар кој ќе има долга и стабилна врска.


Борете се за својата љубов

Сите би сакале да го најдат принцот на бел коњ кој ќе биде убав, згоден, паметен и богат. Таквите мажи веројатно ќе ги барате цел живот и на крајот ќе останете сами. Бидете реални, најдете некој кој ќе ве прави среќни и без кого нема да можете да си го замислите животот. Бидете оптимисти и верувајте дека таму некаде постои вашата сродна душа. Бидете подготвени напорно да работите на својата врска. Ако се сакате доволно, ништо нема да ви биде тешко да направите за да ја зачувате љубовта.


Не постојат две исти љубовни врски

Иако е добро понекогаш да се посоветувате со најдобрите пријатели за вашата или нивната љубовна врска, но треба да знаете дека секоја врска е посебна на свој начин. Тоа што некој го прави во својата врска, не значи дека е еднакво добро и успешно и во вашата врска. Градете ја сами врската, бидејќи сепак вие најдобро знаете што може да ве направи среќни и вас и вашиот партнер.

vakvi-ljubovni-soveti-nema-da-slusnete-od-postarite-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg