Сакајте го вистинскиот, на начин на кој што сте ги сакале погрешните!

Девојките и момците често изгребани од само еден трн ги мразат сите ружи.

sakajte-go-vistinskiot-na-nacin-na-koj-sto-ste-gi-sakale-pogresnite-01.jpg

Но, омразата е блиска со љубовта, па најчесто тој што го мразат, баш со него завршуваат во љубовна врска бидејќи се заљубиле и без да го сакаат тоа.

Љубовта не одбира, таа се случува случајно. Tаа не прашува, туку дејствува, а вие не може да преземете ништо околу тоа освен да ја прифатите.

Иако на крај секогаш завршувате со нејзино прифаќање, никогаш не се препуштате целосно исто како што тоа сте го направиле првиот пат, безрезервно и искрено, стравувајќи од повторно повредување на вашите чувства и его.

Но, грешите, време е да започнете да го сакате вистинскиот исто како што сте ги сакале погрешните, а овие два чекори ќе ви помогнат во тоа.

Бидете искрени и дајте шанса!

Искреноста е ретка скапоценост денес која речиси никој не ја поседува. Бидете вие првите кои ќе ја држите во рака. Бидете искрени кон партнерот без разлика колку и да стравувате од скршено срце.

Ништо нема да изгубите освен погрешна личност, доколку наидете на разочарување, но тоа што може да го добиете доколку личноста е онаа вистинската не се опишува со зборови!

Дајте му шанса на тој што е до вас бидејќи можеби тој е тој вистинскиот што ви е потребен за цел живот.


Сакајте со цело срце како што сте го сакале првиот кој ви го скришил срцето!

Наместо да глумите недостапни, недостижни и ладнокрвни, за промена бидете достапни, романтични и полни со љубов која ќе му ја предадете на партнерот. Сакајте го тој што е до вас исто како што сте го сакале погрешниот кој ви го скршил срцето.

Тој не е виновен за лошите моменти од вашето минато, но можеби има потенцијал да биде виновен за оние најубави моменти во иднината кои допрва ве очекуваат!

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg