Овие работи се поинтимни од сексот во врската

Сексот не е најинтимната работа во една врска, а тоа го знаат паровите кои се заедно подолго време.

ovie-raboti-se-pointimni-od-seksot-vo-vrskata-2

Не дека истиот не е неопходен, но секако постојат и други работи кои можат да ги зближат паровите повеќе од сексуалниот чин.

Тоа се овие 7 работи за кои сигурно ќе се согласите и вие дека се поинтимни од сексот.

Комплимент

Кажувањето на искрен комплимент за тоа колку секси изгледа вашиот партнер на увце со пригушен тон е дефинитивно поинтимно од секс во некои прилики.


Љубовно писмо

Сте се сетиле ли на овој романтичен гест за кој ќе ви биде потребна голема храброст?

Секако дека не, но добро е да знаете дека љубовното писмо е интимен момент во кој ги искажувате најдлабоките чувства кон партнерот кој дефинитивно ќе биде повеќе приврзан кон вас од претходно откако ќе го прочита.


Грижа

Независно дали ќе се грижите за партнерот кога е болен или повреден, приготвувајќи му супа или чај е уште еден од поинтимните моменти кои зближуваат повеќе од сексот во врската.


Спиење заедно без да имате секс

Гушкањето ја зголемува циркулацијата на крвта и го поттикнува лачењето на ендорфин во моментите кога спиете со партнерот без да спиете заедно. Доволен е допир за покажување на интима.


Длабок поглед

Докажано е дека паровите кои длабоко гледаат еден во друг неколку минути предизвикуваат соединување на отчукувањето на нивните срца. Зарем тоа не е поинтимно од сексот?


Ништо

Дефинитивно најинтимната работа која е подобра од секс е не правењето ништо, односно губење време заедно. Нема ништо поубаво од пријатна тишина во која не чувствувате непријатност лежејќи во прегратката на саканиот/саканата!

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg