10 работи за врските кои ги научивме на потешкиот начин

Секоја врска до сега ве научила на нешто. Иако на почетокот не ја знаевте лекцијата заради која срцето со месеци ве болеше, време е да ја откриете.

10-raboti-za-vrskite-koi-gi-naucivme-na-poteskiot-nacin-01.jpg

Еве што сигурно до сега сте научиле за љубовта, но на потешкиот начин:

1. Понекогаш, не мора ниту еден од партнерите да направи грешка. Понекогаш, раскинувањето едноставно е најдоброто решение.

2. Некоја од врските сигурно ве научи дека има многу полоши работи од тоа да бидеш сам.

3. После сите прекинат врски, сигурно научивте дека среќата не треба да зависи од никој, освен од самите себе.

4. Да бидеш во брак заради бракот, не е доволно. Лагите се провлекуваат со години.

5. Луѓето може да станат незаинтересирани еден за друг со иста брзина како што се заљубиле. Може да дадеш се од себе, но љубовта едноставно да испари.

6. Никој не може да знае што мислите.

7. Ако застанете и ги браните своите ставови, не сте кучка, туку храбра личност која се бори за она што го смета за правилно.

8. Не постои механизам за контрола. Ако некој сака да те изневери, ќе го направи тоа.

9. Верувај им на своите чувства. Често пати црвеното светло кое се пали во нас знаеме да го игнорираме, за после извесно време да сфатиме колкава грешка сме направиле.

10. Животот има свој распоред. Не секогаш се случуваат работите кои сакате да ви се случат. Исто така, не можете да го премотате делот кој не ви се допаѓа.

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg