Како да препознаете некој кој не е подготвен за врска?

Не секој е подготвен секогаш за долга и трајна љубовна врска. Таа си бара вложување и внимание, а не секој е подготвен на таков чекор.

kako-da-prepoznaete-nekoj-koj-ne-e-podgotven-za-vrska-01.jpg

Но, наместо да се занесете по некој и да не можете да се повлечете, препознајте ги сигналите кои го издавват.

- Тие обично имале кратки љубовни врски, односно никогаш не биле во сериозна врска. Како изговор најчесто го кажуваат oној дека не ја запознале вистинската личност во која ќе се заљубат.

- Ако, сепак, биле во долга врска тогаш како причина за раскинувањето го обвинуваат партнерот.

- Се обидуваат на секој можен начин да си ја задржат и заштитат слободата која ја имаат.

- Иако ги знаат неостварените желби и потреби на партнерот, не го искажуваат истото и сите разговори ги сведуваат на шега.

- При освојувањето делуваат брзо – шармантни се и знаат што сакаат, па првиот впечаток кој го оставаат може да ве залаже дека тие се позаинтересирани за нешто повеќе.

- По почетниот идиличен период на почетокот, почнуваат да се повлекуваат или да играат игри, намерно да предизвикуваат кавги, да ги има, па да ги нема. Сето тоа со цел да предизвикаат реакција од другата страна за повторно да бидат освојувани, но и за да покажат дека тие не се за стабилна врска.

- Не сакаат никакви обврски во животот и затоа ги избегнуваат сите редови и правила на однесување.

- Ги ужаснува помислата на очекувањата на другата страна дека треба да се однесуваат на одреден начин кога се со нив заедно.

- Не сакаат да планираат однапред и живеат од ден за ден.

- Вешто лажат иако малку зборуваат, особено не за своите мисли и чувства. Сè друго би правеле само да не зборуваат.

- Врските ги завршуваат катастрофално, така што прват ситуации во кои ќе можат да ја обвинат другата страна. Така се чувствуваат повеќето.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg