18 работи кои треба да ги барате во личноста со која ќе се венчате

Секој има своја замисла за идеалниот партнер и она што го бара или очекува од него.

18-raboti-koi-treba-da-gi-barate-vo-licnosta-so-koja-ke-se-vencate-01

Сепак, покрај индивидуалните клучни и значајни потреби, постојат и некои универзални, кои не треба да ги занемарите и се од клучно значење, доколку сакате да имате добар заеднички живот кој ќе трае.

1. Интерни шеги кои ги имате и ги разбирате дури и ако само се погледнете.

2. Почитта која ја има за вашето семејство.

3. Способноста да ги насмее и вашите пријатели.

4. Хобито во кое уживаат, а не сте вклучени и вие.

5. Колку го почитува вашето хоби, иако не е вклучен во него.

6. Финансиската стабилност. Не мора партнерот да биде богат, но треба да има стабилна работа која ветува и стабилност на семејството.

18-raboti-koi-treba-da-gi-barate-vo-licnosta-so-koja-ke-se-vencate-1.jpg

7. Љубовта кон храната или готвењето. Дали имате тотално различни вкусови или имате нешто заедничко што го обожавате. Разликите во тој поглед подоцна можат да станат сериозен проблем.

8. Добар круг на пријатели. Мора да бидете сигурни дека има и луѓе кои ги почитува и кои го почитуваат, а не се дел од семејството.

9. Дали имате доверба да му ги кажете и најголемите тајни и да бидете сигурни дека нема да излезат од него?

10. Слична замисла за свадба од соништата. Може да не ги сакате истите работи, ама ако за тоа не можете да постигнете компромис тогаш ви следува лош почеток.

11. Сексуалната компатибилност – кога не се плашите ништо да прашате или згрешите, може да кажете како се чувствувате и што сакате, без да бидете сфатени погрешно.

12. Никогаш не ја потценува вашата интелигенција, дури и во најголема нервоза.

18-raboti-koi-treba-da-gi-barate-vo-licnosta-so-koja-ke-se-vencate-2.jpg

13. Ве почитува и сака, дури и кога правите најголеми глупости наоѓа разбирање.

14. Подеднакво сакате да имате деца.

15. Никогаш не ви го проверува телефонот, без разлика во каква ситуација се наоѓа. Секогаш има почит кон вас.

16. Прифаќа дека имате живот и надвор од врската со него.

17. Ги сака заедничките моменти кога правите обични секојдневни работи и нема постојана потреба од големи јавни случувања. Си го наоѓа местото покрај вас.

18. Знае да ве бакнува на посебен начин и тоа го прави често.

18-raboti-koi-treba-da-gi-barate-vo-licnosta-so-koja-ke-se-vencate-4.jpg


Имате да додадете нешто?

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg