Пози кои гарантираат стимулација на клиторисот и женски оргазам

Сексолозите кои го проучуваат женскиот оргазам заклучиле дека пенетрацијата сама по себе никогаш не е доволна. Затоа, испробајте ги следниве пози кои со сигурност ќе го стимулираат клиторисот и ќе го забрзаат женскиот оргазам.

pozi-koi-garantiraat-stimulacija-na-klitorisot-i-zenski-orgazam-01.jpg

1. Перница под долниот дел на грбот

Мислите дека мисионерската поза е здодевна? Се лажете! Со едноставна модификација може да создадете поза од која ќе ви игра целото тело. Потребно е да ставите висока перница под долниот дел од грбот, а за уште подобар ефект опфатете го телото на партнерот со нозете.


2. Нозе над главата

Легнете како за мисионерска позиција, но овој пат подигнете ги нозете на рамениците на партнерот. Ако сте флексибилни, нозете приближете ги кон себе, но да ви останат исправени. Со оваа поза клиторисот може да биде запоставен на моменти, но затоа притисокот на вагината ќе ви овозможи незаборавен оргазам.


3. Лажичка

Се работи за поза во која и двајцата партнери се на страна, припиени еден за друг. Во оваа положба директно се допира фамозната Г-точка, а покрај тоа можна е стимулација на клиторисот и градите.


4. Каубојка

Ништо нема да го возбуди повеќе од голата партнерка врз него, а на вас ви одговара затоа што вие ја имате контролата. Обидете се да го исправите грбот, а потоа да се навалите наназад. Така ќе го олесните пристапот до клиторисот.

pozi-koi-garantiraat-stimulacija-na-klitorisot-i-zenski-orgazam-02.jpg

5. Обратна каубојка

Кога сте свртени со грб кон партнерот, тој има многу полесен пристап до Г-точката. За дополнителна стимулација соберете ги колениците до струкот на партнерот и движете се со брзина која вам ви одговара.


6. Еден до друг

Легнете на стомак, а партнерот нега легне врз вас, така што стомакот ќе му биде споен со вашиот грб. Потоа подигнете го задникот и уживајте во притисокот. Оргазмите се загарантирани.


7. На раб од креветот

Замолете го партнерот да клекне пред креветот, а вие седнете на работ. На овој начин ќе му овозможите лесна пенетрација и отворен пристап кон клиторисот.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg