Губење на невиноста без болка: Како да уживате во првиот секс?

Не постои универзален рецепт за целосно и сигурно отстранување на болката при губење на невиноста. Но, она што секоја девојка може да го направи за да се чувствува што подобро е да се осигура дека тоа го прави со вистинскиот партнер, а не со кој било.

gubenie-na-nevinosta-bez-bolka-kako-da-uzivate-vo-prviot-seks-01

Иако првиот пат најчесто не е физички пријатен за девојките, бидејќи чувствуваат блага болка при пенетрацијата, со помош на овие совети секогаш со задоволство ќе се сеќавате на тие моменти.

1. Емотивна зрелост

Една од најважните работи за да се чувствувате слободно и опуштено е емотивната зрелост, која сепак, доаѓа со годините. За жал, возрасната граница кога некои го имаат првиот сексуален однос е сé помала. Тоа што не се емотивно созреани, а преземаат таков чекор, може подоцна да појави несакани последици.


2. Истражете го своето тело

Колку подобро го познавате своето тело, толку полесно ќе можете да му кажете на партнерот што ви одговара, а што не. Со други зборови, не се плашете да го истражите своето тело и изучете ја својата анатомија. Во овој случај особено ќе ви користи огледалце, бидејќи единствено на тој начин може да видите како навистина изгледа вашиот полов орган. Можеби ви звучи глупо, но, ова е еден од најдобрите начини за да го запознаете своето тело.


3. Договорете се да одите полека

Можеби мислите дека треба побрзо да го поминете тој момент, за да можете потоа лесно и со задоволство да продолжите, но мора да внимавате. Сепак, ова е момент кој не сте го доживеале и нема да го доживеете вторпат, затоа треба да се потрудите да биде колку може попријатен. Би требало да се случи во романтична и убава вечер, а вашиот партнер треба да е свесен дека може да ве повреди со некои брзи потези. Иако има разлика во болката од девојка до девојка, сепак се работи за краткотрајна блага болка, која не треба претерано да ве загрижува.

gubenie-na-nevinosta-bez-bolka-kako-da-uzivate-vo-prviot-seks-2.jpg

4. Не се плашете од крвта

Вистина е дека доаѓа до мало крварење при првата пенетрација, но тоа не се литри крв кои треба да ве исплашат.


5. Не ја заборавајте заштитата

Колку и да мислите дека не ви е потребна заштита, запомнете дека е неопходна ако сакате да бидете мирни и опуштени, затоа што сте безбедни од инфекции, преносливи болести или несакана бременост која особено може да ви се случи за време на плодните денови или првиот пат.


6. Не експериментирајте со позите

Првиот пат секогаш треба да биде нормален, без претерано експериментирање, бидејќи можно е да настанат проблеми. Од вас зависи која поза ќе ја одберете, дали вие ќе го контролирате темпото или тој, но важно е да не ги испробувате позите кои сте ги виделе на интернет уште првиот пат.

gubenie-na-nevinosta-bez-bolka-kako-da-uzivate-vo-prviot-seks-1.jpg

7. Заборавете на очекувањата

Првото сексуално искуство најчесто е комично, нешто на што ќе се смеете подоцна, бидејќи е далеку од она што го гледате во филмовите. Поради стравот и очекувањата, често се случува жените да не можат да се опуштат, а кај мажите изостанува ерекцијата. Сепак, се работи за психолошки, а не здравствени проблеми. Затоа, најдобро е да ги заборавите очекувањата.


8. Посетете гинеколог пред и по првиот пат

Иако можеби мислите дека вашата најдобра пријателка ќе ви го даде најдобриот совет, вистината е дека во вакви ситуации, сепак треба да се обратите кај стручно лице - гинеколог. Нема потреба да се срамите, бидејќи тие доктори се исклучиво за решавање на проблемите од овој тип и имале најразлични случаи пред вас.

gubenie-na-nevinosta-bez-bolka-kako-da-uzivate-vo-prviot-seks-3.jpg

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg