Ако ја изгубил почитта, ја изгубил и желбата за вас: Девојки, не ја правете оваа грешка!

Мажите често пати се привлечени од сосема обични жени кои на прв поглед изгледаат фантастично, но повеќето жени прават една клучна грешка - стануваат очајни и се подредуваат според мажот во секоја смисла на зборот.

ako-ja-izgubil-pocitta-ja-izgubil-i-zelbata-za-vas-devojki-ne-ja-pravete-ovaa-greska-01.jpg

Штом жената стане попустлива, од неа се очекува многу повеќе. Претераните реакции и претераната желба за него лесно можат да ја намалат почитта. А, штом мажот почне да ја губи почитта кон жената затоа што таа самата ја намалува сопствената вредност, ќе ја изгуби и желбата да се зближи со неа.

Жената е предизвик во оној момент кога очекува дека тој треба да ја почитува. А, всушност се работи за тоа дека мажот мора да биде свесен дека партнерката не се плаши да живее и без него.

Темелите се создаваат од првиот ден на врската, па ако темелите се цврсти со тек на време врската ќе станува сè постабилна. Секој маж на почетокот свесно ги истражува границите и колку лесно може да се провлече. Тоа е во машката природа и тоа е сосема нормално.

Запаметете дека ако секогаш реагирате емотивно, мажот ќе има чувство дека ве држи во рацете, но ако не може да предвиди како ќе реагирате, ќе му станете предизвик.

Имајте на ум дека ја намалувате сопствената вредност и ако се споредувате со другите жени во негово присуство. Секоја друга жена ќе има моќ толку колку што ќе и дадете.

Не е тешко да го возбудите мажот, но најважно е да знаете да го одржите возбуден и заинтересиран дури и откако ќе му го пружите саканото задоволство.

ako-ja-izgubil-pocitta-ja-izgubil-i-zelbata-za-vas-devojki-ne-ja-pravete-ovaa-greska-02.jpg

Секоја жена со самодоверба е онаа која го има „тоа нешто“. Се работи за жена која се чувствува удобно во своја кожа и која не можете да ја натерате да се чувствува лошо заради вас.

Не се работи за изгледот и интелигенцијата, туку за умешноста и таинственоста која може да ја сочува.

Ова се само дел од особините кои ги имаат достоинствените жени заради кои се магнет за секој маж:

- Независни се

- Никогаш не трчаат по мажи

- Таинствени се

- Не се лесно достапни, па ги наведуваат мажите да се трудат

- Не дозволуваат слабостите да ги совладаат

- Тие располагаат со своето време

- Имаат смисла за хумор

- Свесни се за своите вредности

- Имаат и други интересирања, освен мажот за кој се заинтересирани

- Се однесуваат достоинствено кон своето тело

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg