7 работи што треба да ги промените за да ја привлечете љубовта

Доколку немате среќа во љубовта, веројатно треба да промените некои работи. Но, не треба веднаш да се вртите кон сите наоколу, туку да почнете со промените кај себе и во својот живот.

7-raboti-sto-treba-da-gi-napravite-za-da-ja-privlecete-ljubivta-01

На тој начин ќе се подобрите и како личност, а ќе можете и да го привлечете посакуваниот партнер.

Потребно е да направите 7 клучни работи за да ја привлечете љубовта во својот живот.

1. Почнете од себе

За да почнете да се менувате, најпрво е важно да ги воочите вашите маани и предности, да размислите што е тоа што им пречи на другите и што ве довело во непријатни ситуации. Штом го утврдите тоа, ќе може да најдете решение и да го промените.


2. Заборавете на онлајн запознавањето

Колку и да се чини полесна комуникацијата преку Фејсбук, таму не се наоѓа вистинската и искрена љубов. Излезете помеѓу луѓе, забавувајте се, покажете се и бидете отворени за запознавање.


3. Средете си го станот

Кога ќе решите да си го средите животот, почнете од домот. На овој начин ќе се чувствувате и вие подобро. Кога уживате во чист и среден дом, ќе бидете и поподготвени да примите некого во својот живот.

7-raboti-sto-treba-da-gi-napravite-za-da-ja-privlecete-ljubivta-1.jpg

4. Ослободете се од ситниците кои ве потсетуваат на бившите

Ако сакате да зачувате некој сувенир од бившите е сосема во ред, но направете го тоа така што ќе го скриете во некоја фиока, кутија или место кое нема да ви биде секојпат пред очи за да не се потсетувате на минатото и да можете да продолжите понатаму.


5. Размислете што точно сакате од вашиот иден партнер

Пропаднатите врски од минатото треба да ви послужат како лекции кои ќе ве научат што е она што ви се допаѓало кај поранешниот партнер, а што не ви се допаѓало. Според тоа ќе знаете што да барате кај идниот партнер.


6. Поминувајте време со парови кои се во долга и стабилна врска

Набљудувајте го нивното однесување, размислете ги нивите теми на разговор, забележете го нивниот начин на справување со проблемите. Тука можеби ќе си ја најдете грешката. Од нив ќе научите како да балансирате или да правите компромис.


7. Слушајте

Најважното нешто кое може да го направите кога ќе запознаете некого е да слушате. Повеќето луѓе сакаат да зборуваат, но многу малку има кои знаат и да сослушаат. Кога ќе научите да слушате ќе бидете воодушевени од тоа колку може да научите од другата личност.

7-raboti-sto-treba-da-gi-napravite-za-da-ja-privlecete-ljubivta-2.jpg

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg