10 работи што мора да ги знаете пред да почнете врска со постар маж

Барем еднаш во животот секоја девојка доаѓа во дилема дали е паметно да се впушти во некаква љубовна врска со повозрасен маж. Делуваат како предизвик на кој тешко може да се одолее, особено ако сте имале лошо искуство со помладите и знаете што точно сакате.

10-raboti-sto-mora-da-gi-znaete-pred-da-pocnete-vrska-so-postar-maz-01

Тој е искусен, самоуверен, зрел и внимателен. Знае точно како да се однесува кон вас и што очекува за возврат.

Ако се наоѓате во период кога сите врсници ви се досадни и неиживеани или пак, отсекогаш ве привлекувале повозрасните мажи, но не сте се осмелиле да влезете во врска со нив, тогаш мора да знаете неколку работи пред да го преземете следниот чекор.

1. Не сакаат да се дружат со вашите пријателки

Времето за луди журки и непроспиени ноќи, излегување во дискотеки нив им е поминато. Овие работи ќе мора да знаете сами да ги балансирате и да најдете време и разбирање за двете страни.


2. Доволно му е едно виски, наместо седум вотки

Не е дека не пијат, туку тоа го прават на поелегантен начин. Тие сакаат да уживаат во квалитетен пијалак кој можат да си го дозволат, на место каде не мора да се тепаат на шанкот за да стигнат на ред.


3. Ќе ви раскажуваат приказни за „старите добри времиња“, но нема да се обидуваат да ги вратат

Се забавувале добро додека било времето за тоа. Не сте ги познавале тогаш, не може да знаете какви биле, но ниту да ги натерате повторно да бидат такви. За нив, тоа е само добар спомен.


4. Не се секогаш толку многу зрели

Тоа што се повозрасни не значи дека се најпаметни или дека никогаш не грешат и секогаш разумно постапуваат.


5. Не се веќе во фазата на „врска без обврска“

Ако влегувате во врска со нив, бидете сериозни и бидете навистина само во таа врска.

10-raboti-sto-mora-da-gi-znaete-pred-da-pocnete-vrska-so-postar-maz-1.jpg

6. Знаат што сакаат од животот и тешко ќе им ги промените ставовите

Штом имаат одредена работа што ја работат подолго време, одредени навики и начин на живот, тоа не е нешто пробно кое може да го менувате како сакате, туку треба да го прифатите и да се вклопите.


7. Имаат многу научено од претходните врски

Се разбира дека имаат и грешки и рани од минатото, но и поуки. Сега знаат до каде им се границите и колку ќе си дозволат со вас.


8. Знаат дека се добри како старото вино

Со целото искуство кое го имаат, тие добро знаат да ги истакнат своите квалитети и на физички и на емотивен план.


9. Можно е да бидат пријатели со некои бивши девојки

Бидете подготвени на тоа. Секој зрел и пристоен маж најчесто цивилизирано раскинал со бившата, па нормално е да бидат пријатели, барем од почит. Никако не правате драматични љубоморни сцени поради тоа.


10. Подобри се во кревет

Со самото тоа што имаат повеќе искуство, речиси е сигурно дека се и подобри и повешти во креветот.

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg