Ако ги правите овие работи на Фејсбук, го изневерувате партнерот

Ако сте во врска не е потребно да го исклучите Фејсбук профилот, но би требало малку повеќе да внимавате како се однесувате. Исто како што тоа го правите и надвор од виртуелниот свет.

ako-gi-pravite-ovie-raboti-na-facebook-vie-go-izneveruvate-partnerot-01

Треба да знаете дека како што разменувањето поглед со некој во кафулето би значело флерт и секој би ви се налутил, така и некои провокативни коментари на Фејсбук го имаат истото значење.

Тајно допишување

Ако сте во среќна врска, зошто тајно да се допишувате? Пред да западнете во стапицата на онлајн флерт, запрашајте се зошто го правите тоа и како би се чувствувале ако партнерот ви го прави истото?


Пријателство со некој што му пречи на партнерот

Кој ви е поважен? Некоја попатна личност со која го лутите партнерот или тој? Ако и покрај опомените продолжувате да се дружите со таа личност од забава, инает или љубомора, тогаш веројатно не ви е толку важен партнерот.


Фотографии со бившите

Не мора да ги избришете сите фотографии со бившите и да се однесувате како никогаш да не постоеле, но ако повеќе имате фотографии со нив, отколку со новиот партнер, сигурно не би било пријатно.


Флерт

Двосмислени коментари, интимни пораки, срциња и смајлиња во виртуелниот свет се толкуваат како флертување. Ако вие забележите дека тоа го прави вашиот партнер и се чувствувате луто или љубоморно, тогаш, знајте дека и тој се чувствува така.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg