7 начини како тој да биде само ваш

Секоја врска по некое време минува низ криза кога постои опасност сè да заврши, да ви досади или да почнете лесно да се лутите за ситници.

7-nacini-kako-toj-da-bide-samo-vas-01

Знаете дека се сакате, но по толку време и кога целосно се познавате, на ред доаѓаат маните. Во тие моменти треба мудро да одиграте и да не дозволите нешто што сте имале и сте го одржувале, да се распадне или да биде лесно заведен од нешто ново.

Потрудете се токму вие да внесете нешто ново кое ќе го освои и ќе остане да биде само ваш.

1. Бидете спонтани

Нормално е секоја врска по некое време да влезе во некоја рутина. Иако нема ништо лошо во тоа да развивате одредени навики кои заедно ги правите, но избегнувајте тоа да се претвори во досада. Одвреме-навреме изненадете го со резервација во ресторан во друг град или купете карти за некоја претстава.


2. Ново парче секси облека

Не мора да имате шминка секое утро, но добро е да се дотерате само за него. Купете некоја секси долна облека и едноставно фустанче кое веднаш ќе посака да ви го соблече.


3. Не престанувајте со учење

Ова е едно од најважните правила. Не се плашете да пробате нови работи и да направите нешто досетливо, што порано не сте го направиле или не сте можеле ни да го замислите. Учете нови работи и применувајте ги. Важно е постојано да го одржувате неговиот интерес.

7-nacini-kako-toj-da-bide-samo-vas1.jpg

4. Имајте свои пријатели

Не дозволувајте вашиот партнер да ви биде единственото друштво. Ако види дека имате многу пријатели ќе сфати колку е среќен што покрај сите нив сте го одбрале токму него и токму тој ви го привлекува вниманието.


5. Одете на состаноци

Ако се однесувате како досаден брачен пар тогаш така ќе почнете и да се чувствувате. Затоа мора одново да се освојувате еден со друг, како од првиот момент кога сте се вљубиле. Флертувајте со него и чепнете му во фантазијата.


6. Дајте му го тоа што го сака

Вие не сте му слугинка, па затоа нема потреба постојано да се грижите за него. Но, повремено посветете му се максимално и угодете му. Ако знаете дека има некое омилено јадење згответе му го. Ако знаете дека сака да гледа некој спортски натпревар, купете му и пиво и грицки, јавете им на неговите пријатели и изненадете го. Вистинскиот маж ќе знае да го цени тоа.


7. Не го губете интересот за него

Ако не сакате и тој да го изгуби интересот за вас, тогаш не го губете ни вие. Ако двајцата сте среќни и вклучени во животот на другиот, никогаш нема да имате проблем.

7-nacini-kako-toj-da-bide-samo-vas-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg