Како да знаете дека треба да ја запросите?

Доколку сте во стабилна и среќна врска и веќе почесто разговарате на темата брак, сигурно ви почнуваат дилемите за запросување. Колку и да се чини дека тоа е само едно едноставно прашање, факт е дека воопшто не е лесно.

kako-da-znaete-deka-treba-da-ja-zaprosite-01

Колку и да сте заедно, секогаш постои сомнежот дали сега е вистинското време да ја запросите.

За да бидете сигурни проверете дали ќе се препознаете во овие знаци:

1. Се согласувате во врска со најважните работи

Можеби не ви делува како нешто важно дали едниот сака деца или не, додека се забавувате, но тоа е многу важно за иднината. Би требало да имате исти погледи во начинот на воспитување, религија, финансии, место каде би живееле и слично. Доколку се познавате добро и меѓу вас не постои тема за која не сте разговарале, тогаш нема потреба да се грижите. Ако не сте размислиле за некои работи, поразговарајте околу нив.


2. Знаете како да се поставите еден кон друг дури и во кавга

Сексот после кавга е нешто најслатко, но кога е во прашање некоја непотребна караница: кој ќе оди во продавница, зошто не сте ги ставиле чевлите на место. Додека ако се работи за нешто посериозно, мора да добро да се познавате и да знаете како да се смирите еден со друг. Да комуницирате на здрав и разумен начин.


3. Финансии

Стара позната изрека е дека кога доаѓа сиромаштијата на врата, љубовта излегува низ прозорецот. Вереничкиот прстен е само првиот од многуте големи трошоци во заедничкиот живот. Затоа, добро разговарајте за вашите финансиски можности.


4. Среќен си и сам, но посреќен си кога си со неа?

Пред да ја запросите девојката, многу е важно добро да размислите. Тоа не значи дека треба да направите листа на позитивни и негативни особини, туку да се замислите себе како комплетна личност која започнува заеднички живот со друга комплетна личност. Две половини се спојуваат во една целина. Ако заедничкото време го поминувате среќни, тогаш сè е под контрола.


5. Затоа што го сакате тоа

Доколку чувствувате дека тоа е тоа и размислувате на кој начин да ја запросите, значи дека тоа и го сакате. Кога тоа ќе го потврдите, најлесно е да се постави прашањето. На крај, тоа ќе биде личноста покрај која ќе заспивате и ќе се будите секој ден. Можеби не е совршена, но никој не е. Несовршеноста е всушност она што го прави бракот посебен.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg