Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


6 знаци дека таа не е вистинската за вас

Понекогаш вистинските луѓе се среќаваат во погрешно време и обратно, но тоа не значи дека треба да очајуваме бидејќи истото се случило.

6-znaci-deka-taa-ne-e-vistinskata-za-vas-1

Потребно е да прифатиме дека едноставно некоја личност не е онаа вистинската за нас и да продолжиме да ја бараме вистинската, бидејќи верувајте за секој постои некој.

Овие 6 знаци кои сигурно ќе се појават ако сте во врска со погрешната девојка:

1. ТАА не ве прифаќа каков што сте

Доколку девојката се обидува да ве промени на било какво начин, не е вистинската за вас, бидејќи не го менуваш тој што го сакаш, го прифаќаш каков што е.


2. ТАА не се интересира да ве запознае подобро

Доколку не се интересира да ве запознае подобро и да открие дали сте вистинскиот за неа, верувајте таа не е вистинската за вас.


3. ТАА не планира иднина со вас

Ако избегнува разговор за вашата заедничка иднина значи не ја гледа заедно со вас. Кога некого сакаш и мислиш дека е вистинскиот за тебе, сакаш се со него, сега и засекогаш.


4. ТАА сака само авантура и ви го кажува тоа индиректно

Планирањето на иднината е првиот знак, а овој вториот кој ви открива дека таа не е вистинската за вас. Ако индиректно низ шега ви кажува дека планира да ве замени или ве гледа како минлива авантура, тогаш верувајте таа не се шегува.


5. ТАА постојано бара нов конфликт наместо решение

Кога има конфликт во врската таа не се обидува да најде решение, туку отвора нов конфликт бидејќи едноставно не и е грижа дали тој конфликт ќе стави крај на врската или не. Вистинската личност за вас никогаш не ви би го направила тоа.


6. ТАА едноставно не ве сака

Вие изразувате емоции и давате дознаење дека ви значи, но не одбивате фидбек од другата страна. Голема е веројатноста фидбек да не постои, бидејќи љубовта не може да се крие долго каде што ја има, а во вашата врска сигурно ја нема од нејзина страна.

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg