Подобро сами со себе отколку сами во врска

Самотијата во смисла на немање партнер е воедно слобода да бидете она што сте и никому да не се прилагодувате, а самотијата во врска е прилагодување некому со кој не сте поврзани и во која постојано сте осуетени.

podobro-sami-so-sebe-otkolku-sami-vo-vrska-01

Сами со себе може да бидете единствено повремено осамени, а сами во врската сте несреќни, неуспешни, несфатени и неприфатени, а најстрашно од се е што не сте ниту сакани. А јас нема  што да

Кога си сам ништо не те спречува да се сакаш себе и сè околу себе, а кога имаш партнер со кој не успеваш да оствариш поврзаност, тогаш се соочуваш со тоа  дека твојата љубов не е доволна и дека е многу поважно да се сакате себе, иако сте си сами на себе единствен извор на љубов, отколку својата љубов кон другите да ја насочувате кон некој кој не знае да ви ја возврати.

Кога повеќе пати во животот ќе наидете на ситуација во која ќе си го поставите прашањето за да размислите за тоа што ќе правите ако останете сингл и за тоа дека е подобро да имате некој само за да не бидете сами, потребно е да прифатите некои факти.

Сами за себе сте главни и одговорни и за својот живот. Не е секогаш лесно да донесувате одлуки, но многу е потешко кога имаш кој ти се спротивставува на одлуките и те ограничува.

Не мораш никому да ги објаснуваш своите постапки, своите пориви, своите склоности, убедувања, принципи и вредности.

Да се нема некој покрај себе кој го критикува вашиот однос, постапките, убедувањата и принципите или начинот на живот.

Во осаменоста нема непочитување и несогласувања, а во самотијата покрај партнерот напнатоста е непрекината, а понижувањето вообичаено.

podobro-sami-so-sebe-otkolku-sami-vo-vrska-1.jpg

Партнерот пред кој треба да се браниш и правдаш не е партнер. Тој не знае да биде пријател во самотијата или љубовник во врската.

Него можеби никој не му е потребен и сака да биде сам, но премногу се плаши дека ќе биде осамен и отфрлен, ако нема никој.

Можеби сте нескладни партнери, неповрзани и осамени во својата врска и ве споиле, стравот истата потреба или истиот избор.

Животот е доволно комплициран и кога ја имате сета љубов, која вам ви е потребна. Ако не успевате да ја остварите врската, тогаш не треба ни да ја комплицирате.

Не ви е потребна лажна камуфлажа, како потврда пред светот дека сте нормални ако сте во врска или како штит за да не останете сами.

Кога се познавате, сакате и почитувате себе, тогаш и сами на себе може да си бидете најдобро друштво.

podobro-sami-so-sebe-otkolku-sami-vo-vrska-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg