Листа на двајца љубовни експерти: 12 грешки со кои жените несвесно ги бркаат мажите од себе

Дали некогаш ви се случило да излезете на состанок со маж кој гледал што е можно побргу да избега од вас? Жените понекогаш воопшто не се свесни за грешките кои ги прават во љубовта и со кои ги „бркаат“ мажите од себе.

lista-na-dvajca-ljubovni-eksperti-12-greshki-so-koi-enite-nesvesno-gi-brkaat-mazite-od-sebe-01.jpg

Излегувате со маж, а потоа никаде го нема. Не враќа на повиците ниту на смс пораките.

Постојат неколку причини зошто се случува тоа.

Лаура Јетс и Џеневив Завада се стручни лица за емотивни врски кои објаснуваат токму кои причини прават мажот да бега од вас:


1. Немате пријатели

Мажите ги привлекуваат жени кои имаат бурен социјален живот. Тоа што имате пријатели значи дека постојат луѓе кои сакаат времето да го поминуваат во ваше присуство, а тоа според нив ве прави и одличен потенцијален партнер.

Тоа што имате многу пријатели значи и дека партнерот не ви е единствената и најважна цел во животот, а тој мора да се потруди за да дојде до вашето драгоцено време.


2. Ирационално сте љубоморни

Љубомората покажува притаена несигурност и многу бргу ја намалува вашата привлечност. Мажите сакаат жени кои имаат висока самодоверба.
Ако покажете знаци на љубомора, голема е веројатноста дека тој маж нема да можете да го сметате како потенцијален партнер.


3. Испраќате премногу смс пораки

Мажите гледаат многу поинаку на смс пораките од жените и ги праќаат само тогаш кога имаат потреба од тоа.

Ако постојано му праќате пораки премногу му покажувате колку тој вам ви е потребен и дека имате многу време на располагање.

Пораките треба да ви бидат кратки, смешни и да ги употребувате за флертување.

lista-na-dvajca-ljubovni-eksperti-12-greshki-so-koi-enite-nesvesno-gi-brkaat-mazite-od-sebe-1.jpg

4. Ништо не ве интересира

Мажите ги привлекуваат жени кои имаат свои страсти и хобија за кои можат постојано да зборуваат.

Возбудливо е да поминувате повеќе време со нова личност во вашиот живот, но тоа не значи дека треба да се откажете од работите кои ви се допаѓаат и обожавате да ги практикувате.

Така и самите вие ќе бидете посреќни.


5. Зборувате како дете

Детскиот глас на мажите воопшто не им е привлечен, ниту сладок. Само им покажува дека сте незрели и многу бргу посакуваат да избегаат од вашето присуство.

lista-na-dvajca-ljubovni-eksperti-12-greshki-so-koi-enite-nesvesno-gi-brkaat-mazite-od-sebe-2.jpg

6. Посесивни сте

Дајте му на партнерот слобода да прави што сака и не го гушете. Ако мажот почувствува дека некои работи му ги забранувате, тој ќе биде под непотребен притисок и бргу ќе сака да избега.

Врските се многу постабилни кога паровите си дозволуваат еден на друг да имаат живот и надвор од врската.


7. Зборувате лошо за другите жени

Ако ги озборувате другите жени, тоа прави да изгледате како да сте несигурни и имате мала самодоверба.

Добро е да имате свое мислење, но ако тоа е критички настроено повеќе одошто треба, не изгледате привлечно.


8. Сакате да драматизирате

Ако драматизирате без вистинска причина за тоа, изгледате како се да ви е тешко.

Постои рамнотежа меѓу силното реагирање на одредени ситуации во животот и реакциите кои не се соодветни за ситуациите.


9. Инсистирате на ветувања предвреме

Добро е да знаете во која насока се движи врската и дали таа има можност да стане посериозна, но треба да дозволите работите да се одвиваат на природен начин, посебно кога мажот сè уште не е сигурен што сака.

Ако непотребно го притискате да даде празни ветувања кои не знае со сигурност дали може да ги одржи, тој ќе посака да избега од вас.

lista-na-dvajca-ljubovni-eksperti-12-greshki-so-koi-enite-nesvesno-gi-brkaat-mazite-od-sebe-3.jpg


10. Премногу му се доверувате уште на самиот почеток

Градење на отворен однос ќе му даде до знаење дека му верувате и дека сте подготвени времето да го делите со него, но приватните работи кои се кажани уште не првиот состанок не оставаат добар впечаток за вас.


11. Сакате да го менувате

Не е добро уште од самиот почеток да започнете со наредби. Преживеал онаков каков што е без вас, па и може да продолжи натаму без вашето присуство во неговиот живот.

lista-na-dvajca-ljubovni-eksperti-12-greshki-so-koi-enite-nesvesno-gi-brkaat-mazite-od-sebe-4.jpg

12. Очекувате се да плати

Не очекувајте да го плати буквално секој состанок со вас. Потребно е и вие да носите дел од трошоците инаку постои можноста да помисли дека со него сте само за неговата материјална состојба.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg