Како да ја спасите врската во криза?

Главен виновник за кризите во вашата врска може да биде и мобилниот телефон! Времето и вниманието кое му го посветуваме на својот телефонот може да предизвика љубомора кај партнерот.

kako-da-ja-spasite-vrskata-vo-kriza-01.jpg

Ова го потврдуваат резултатите од едно истражување: дури 76% од луѓето ги проверуваат своите мобилни телефони и пред да заѕвони или завибрира, 44% од луѓето спијат во близина на својот мобилен телефон а дури 29% го опишуваат како „нешто без кое не можат да живеат“.

Звучи романтично се согласувате?

Нашите мобилни телефони станаа дел од мини „љубовниот триаголник“ и токму тука лежи проблемот што информациите денес ни се на врв на прстите и ни ги загрозуваат односите со најблиските.

Ако сакате да ја спасите својата врска, прва работа која треба да ја направите е да се одвоите барем малку од својот мобилен телефон.

Еве како благата апстиненција од телефонот ќе ја подобри вашата врска:


1. Ќе бидете поблиски со партнерот

Технологијата овозможи да бидете во контакт со безброј луѓе и истиот да можете на многу лесен и едноставен начин да го одржувате, но ако сте предолго врзани за својот мобилен телефон заборавате на оние луѓе кои се покрај вас.

Комуникацијата не се основа само на зборовите кои се кажани или пишани, туку и на вашиот израз на лицето, интонацијата на гласот и говорот на телото. Ако комуникацијата се одвива преку мобилен голем дел од овие информации целосно се губат.

Ако сакате да разговарате со партнерот мора да посветите полно внимание и да одржувате контакт со очите. Само на тој начин можете да ја одржите блискоста.


2. Ќе спречите непотребни расправии

Денес поголемиот дел од разговорите се одвиваат преку пораки и голема е можноста да дојде до недоразбирања кои може да бидат причина за сериозни расправии. Решавањето на проблемите и извинувањата преку СМС пораки укажуваат на лош квалитет на врската.

Во пишаната комуникација се губи контекстот и богатството на усните разговори, бидејќи зборовите всушност се само еден мал дел од комуникацијата.


3. Ќе балансирате меѓу работата и приватниот живот

Понекогаш опседнатоста со мобилниот телефон е показател на еден друг вид на опсесија – работата. Ако за колегите сте достапни 24 часа во текот на денот никогаш нема да бидете потполно присутни кога своето време го минувате со партнерот.

Вашиот партнер може да ве изненади со романтична вечера, а магијата да исчезне неколку минути подоцна откако сте решиле да го проверите вашиот мобилен телефон.


4. Партнерот ќе знае дека го цените

Ако цела вечер седите покрај партнерот, а се допишувате со најдобрата пријателка и одговарате на пораките вашиот партнер може да помисли дека вашиот мобилен телефон ви е поважен. На тој начин исто како да му препорачувате „Убаво е што си покрај мене, ама јас би сакала да одговарам на моите пораки одошто да разговарам со тебе“.


5. Ќе имате подобар секс

Чувањето на мобилниот телефон во спалната соба е едно големо не како за вашето здравје така и за вашата врска.

Мобилниот телефон може да биде причина број еден за лошиот квалитет на вашиот сексуален живот и сонот. Научниците тврдат дека најдобро е 2 часа пред легнувањето во кревет воопшто да не бидете во контакт со сината светлина од екранот на вашиот мобилен или лаптоп.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg