10 работи кои никогаш не треба да ги жртвувате заради врската

Да, животот е поубав во пар, но одредени работи не би требало да жртвувате само за да не останете сами.

10-raboti-koi-nikogas-ne-treba-da-gi-zrtvuvate-zaradi-vrskata-01.jpg

Ова се основните 10:

1. Вашата лична среќа

Партнерот треба да ви донесе двојно поголема среќа, не тага. Секако, ќе има моменти кога ќе бидете тажни, но ако тие моменти се многу почести од среќните, размислете дали сакате да бидете во таква врска.


2. Вашата забава

Сосема е нормално од време на време да сакате да се забавувате сами, па ако дојде до несогласувања на таа тема, би требало да разговарате. Никој не смее да ве спречува во тоа да живеете забавен живот.


3. Вашата слобода

Во здравата врска, ова е поврзано со претходната потточка. Треба да уживате без партнерот да биде вознемирен и загрижен. Посесивноста не е опција.


4. Вашиот внатрешен мир

Ако партнерот ве прави анксиозни, нервозни и загрижени, голема е веројатноста да се чувствувате депресивни. Така не го пронаоѓате својот внатрешен мир.


5. Вашите искуства

Животот би требало да е возбудлив. Би требало да искусите бројни работи кои ќе ве направат позрели, помудри и посреќни. Тоа никако не е вредно за жртвување.


6. Вашата личност

Звучи како клише, но ако се откажете од самите себе, како очекувате некој друг да остане покрај вас?


7. Вашите други врски

Откако ќе помине возбудливата фаза, време е да ги зацврстите пријателствата и односите со семејството. Важно е да не се откажете од другите врски, освен љубовната.


8. Вашите емоции

Во било кој момент кога ќе почувствувате дека вашите емоции не се доволно почитувани, треба да се откажете од личноста која не ги цени.


9. Вашите соништа

Добрата врска е партнерство, а партнерите се поддржуваат на секој чекор.


10. Вашите уверувања

Тие се посебно важни и никој не би требало да ги промени.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg