Постојат 7 типови женски оргазам: Дали сте ги пробале сите?

Некои сексолози тврдат дека постојат околу 12 типови женски оргазам, но само за 7 има логично објаснување.

postojat-7-tipovi-zenski-orgazam-dali-ste-gi-probale-site-01.jpg

Во случајов не е важно колку се, туку како да ги постигнете и да си го проширите сексуалниот хоризонт.

1. Клиторален оргазам

Оргазам кој може да го достигне секоја жена, а за дел од жените овој е и најлесен. Клиторисот има 8.000 нервни завршетоци и е еден од најчувствителните делови од телото, па доволни се нежни допири за да се стигне до оргазам.


2. Вагинален оргазам

За овој оргазам потребни се барем 20 до 25 минути акција, затоа што никогаш нема да го постигнете набрзина.


3. Оргазам со стимулација на Г-точката

Г-точката се наоѓа на врвот на ѕидот од вагината, а нејзиното стимулирање доведува до ваков оргазам. Тој уште се смета и за женска ејакулација.


4. Двоен оргазам

Овој вид на оргазам подразбира вагинален и клиторален оргазам воедно, а може да трае и до 15 минути. За него клучна е долгата предигра.


5. Длабок оргазам

Овој оргазам најчесто се постигнува преку стимулација на најоддалечената точка на ѕидот на вагината, во близина на матката. Ретко која жена може да го постигне, но е возможен.


6. Оргазам при вежбање

Некои стручњаци тврдат дека напорното вежбање и одредени движења на нозете и целото тело може да доведат до оргазам.


7. Ментален оргазам

Комбинацијата на сексуални фантазии и правилно дишење може да направи чудо за жената, тврдат сексолозите.

Би можело да ве интересира:

Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg