5 фрази кои среќните парови ги користат почесто од останатите

Кој би рекол дека само неколку зборчиња можат да направат толкава разлика во врската?

5-frazi-koi-sreknite-parovi-gi-koristat-pocesto-od-ostanatite-01.jpg

Дури и ако не ви изгледаат пресудни за среќа, овие 5 реченици се гаранција за подобра комуникација:

1. Ништо не е нерешливо, ќе го средиме и тоа...

Изговарањето на зборот „ние“ наместо „јас“ е основата, тврдат многу експерти. Кога ќе настанат проблеми важно е да истакнете дека другата личност не е сама. Ако не бегате од разговорите и решавањето на проблемите, многу поголеми ви се шансите да имате здрава и успешна врска.


2. Те слушам...

Без оглед на ситуацијата, потврдата дека сте присутни и дека внимателно слушате може само да ги промени работите на подобро. Најлесно е да кимате со главата и да се правите дека слушате, но тоа не е суштината.


3. Луд/а сум по тебе!

Иако не можете постојано да го кажувате и мислите дека е нормално само на почетокот, зошто да не пробате? Веројатно ако сте во долга врска сте дошле до оној момент кога веќе не кажувате како се чувствувате. Прекршете ја рутината со неколку едноставни зборчиња.


4. Ти благодарам

Малата благодарност значи многу. Среќните парови многу почесто ги ценат ситниците од оние останатите. Затоа, кажете го тоа благодарам дури и кога тој ќе се понуди да ве префрли до некаде или таа ќе ви направи кафе. Нема да ви наштети.


5. Го можеш ти тоа!

Бидете поддршка, дури и ако не верувате дека тоа е најпаметната идеја која сте ја слушнале. Покажете дека знаете да бидете потпора. Не бидете кочница.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg