Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Љубовни престапи кои не заслужуваат прошка

Простувањето е благороден чин, но преку некои непримерни постапки, ниту треба преминете, ниту, пак, да ги опростите во врската или бракот.

ljubovni-prestapi-koi-ne-zasluzhuvaat-proshka-2-001.jpg

Дел од нив се само прекршоци, а дел, пак, сериозни злосторства. Како и да е, овие пет престапи не залужуваат прошка во име на љубовта:

 1. Постојано запоставување

Сите ние понекогаш сме толку занесени со дневните задолженија, со работата, комплицираните животни ситуации или останатите проблеми, што лесно може да се случи и да подзаборавиме на партнерот.

Тоа е сосема нормална појава во љубовниот однос, а порано или подоцна ќе ја искусат сите двојки.

Меѓутоа, во здравата врска, без оглед на сè од наведеното, партнерите ќе пронајдат време за својата друга половина, барем на кратко.

Постојаното игнорирање, пак, претставува јасен знак дека на вашиот партнер едноставно не му е грижа за вас.

5-ljubovni-prestapi-koi-ne-zasluzhuvaat-proshka-2_copy_copy.jpg

2. Oмаловажување

Постојат одредени работи, кои не сте должни ни да ги трпите, а не треба ни да ги опростите во врската или бракот.

Омалуважувачкиот и потценувачки однос, тешките навреди, пцовките, погрдните зборови – не спуштајте ја понизно главата пред овие престапи, затоа што го заслужувате само најдоброто, а партнерот кој ве третира на ваков начин, дефинитивно не спаѓа во таа категорија.

5-ljubovni-prestapi-koi-ne-zasluzhuvaat-proshka-3_copy.jpg

3. Чести прељуби

Паровите кои не веруваат во моногамија, се одлучуваат да стапат во отворена врска. Таквиот љубовен однос бара многу разбирање и меѓусебна толеранција.

Сепак, повеќето луѓе претпочитаат моногамна врска, а кога нивниот партнер ќе се впушти во прељубничка афера, мошне тешко го поднесуваат неверството.

Само најјаките индивидуи ќе смогнат сили за да му простат на прељубникот.

Меѓутоа, доколку сте тип на личност што сака исклучиво моногамна врска, а партнерот често ве изневерува и секој пат длабоко ве повредува – сериозно размислете за прекин на врската.

Не преминувајте преку она што ве прави тажни и несреќни.

5-ljubovni-prestapi-koi-ne-zasluzhuvaat-proshka-4.jpg

4. Непочитување на вашето семејство и пријателите

Веројатно не сте во можност премногу да влијаете на тоа како вашиот партнер се однесува кон сопственото семејство и пријателите.

Се разбира, ако со нив е безобразен без некоја посебна причина, сигурно претпоставувате дека и не е баш најдобриот материјал за љубовна врска.

Меѓутоа, непочитувањето и недоличното однесување кон вашето семејство и пријателите, дефинитивно се престапи кои не треба да му го простите никому, па ни на партнерот.

5-ljubovni-prestapi-koi-ne-zasluzhuvaat-proshka-5.jpg

5. Физичко насилство

Во овој случај, објаснувањето не е ни потребно. Физичкото насилство е престап кој не само што не заслужува прошка, туку е и кривично дело.

Секој од нас мора да има нулта толеранција кон насилниците, без оглед на тоа за кој вид на малтретирање станува збор.

5-ljubovni-prestapi-koi-ne-zasluzhuvaat-proshka-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg