10 знаци дека сте зависници од љубов

Љубовната зависност е состојба во која поединците често се вљубуваат и длабоко им се приближуваат на другите, дури и кога не им е возвратена љубовта и поврзаноста.

10-znaci-deka-ste-zavisnici-od-ljubov-1.gif

Прочитајте ги десетте знаци кои потврдуваат дека сте зависници од љубов:

1. Неспособни сте да го пуштите од себе.

Не сте во состојба да ја прекинете нездравата врска, дури и ако знаете дека љубовта не ви е возвратена и треба да се повлечете.

2. Стравувате дека партнерот ќе ве напушти.

Постојано му праќате пораки и го повикувате. Мора да ви биде достапен, бидејќи се плашите дека ќе ве остави и замине од вас.

3. Загрижени сте дека партнерот нема исти чувства.

Чувствувате мачнина и паника, стравувајќи дека партнерот не ја споделува љубовта кон вас, а вие нема да преживеете без него.

4. Непријатно ви е во негово присуство.

Имате хроничен страв од одбивање, проследен е со појава на вознемирувачки срам во присуство на саканата личност.

5. Буквално ве боли срцето.

Интензивната болка во срцето не е изненадувачка, особено кога очекувањето на реципрочната љубов е несигурно.

6. Тој е вашиот единствен извор на среќа.

За вас врската претставува центар на универзумот. Партнерот, пак, ви е главен и единствен извор на среќа и смисла во животот.

7. Врската ви ја троши сета енергија.

И немате можност да се сосредоточите или размислувате за било што друго.

8. Секогаш го чекате.

Не можете да заспиете додека не ви се јави дека пристигнал дома. Ако не го стори тоа, му се јавувате или праќате пораки.

9. Го користите партнерот за самоактуелизација.

Ги изедначувате љубовта и врската со самодовербата и самопочиита. Во партнерот гледате прилика за самоостварување.Но, таа лежи само и единствено во вас.

10. Секогаш барате љубов.

Непрестано сте во потрага по љубов и романтика. Брзо се врзувате за личноста која ќе ви се допадне, а речиси и да не ја познавате. Не знаете како да бидете сами.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg