Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Најбаналните работи за кои се расправаат паровите

Љубовта не е совршена, иако постојано се обидуваме да ја направиме или претставиме како таква.

Najbanalnite-raboti-za-koi-se-raspravaat-partnerite-01.jpg

Во еден несовршен свет како овој во кој живееме, бесмислено е да очекуваме дека постојат совршени луѓе или совршена љубов.

Не е никакво чудо што паровите имаат жолчни расправии, но кога таквите караници се вртат околу банални работи, не ни останува ништо друго, освен да се насмееме.

Дали и вие сте дел од овие несовршени парови? Колку пати сте започнале кавга околу некоја банална ситница, како на пример:

Температурата во домот

Тој сака потопло, таа сака малку постудено. Додека тој облекува втор пар чорапи, таа шета боса. Дали да се отвори прозорецот наутро за да се проветри или да се покачи термостат за неколку степени бидејќи не се живее на толку ладно.

Голем број од кавгите започнуваат поради тоа што едниот е зимурлив, а другиот с’клетџија.

Трошките во ајварот

Како си можела со истото лажиче од сенфот да брцкаш во теглата мајонез?!

А тебе што ти паѓаат трошки во теглата ајвар, целата е скиселена!

Ви звучи познато? Задолжително еден од партнерите секогаш е побрз и поневнимателен, па го употребува истиот нож за да исече јаболко, па зелена салата, додека другиот врие од нервоза.

Валкани алишта на подот – веднаш до корпата за нечисти алишта

Мислите дека само мажите оставаат чорапи на подот оддалечени само неколку сантиметри од корпата со валкани алишта? Помислете повторно. Ниту жените не се некој исклучок со нивната валкана облека, особено со онаа интимната.

Чиј ред е да ги измие садовите?

Или да ја наполни машината со садови?

Јас ја наполнив вчера и завчера, ти не ни паметиш кога си ја пуштила последен пат…

Јас правам ручек секој ден, зарем морам постојано да ги мијам и садовите?!

И така караницата се врти во круг, до недоглед. Двајцата се во право и никој не е во право. Вистински маѓепсан круг.

Правење планови без консултации со партнерот

Партнерот закажал вечера со пријатели, без да ве праша дали имате договорено нешто претходно. Вие закажавте вечера кај вашите родители, а заборавивте дека тој има термин за фудбал истата таа вечер… и маратонските караници започнуваат.

Работење до доцна

Да, не е пријатно да се седи сам/а или само со децата до доцните вечерни часови, додека партнерот е на работа. Но, секогаш има добра причина за тоа.

Така му е наредено, потребни ви се повеќе пари. Пред да започнете Трета светска војна околу ова прашање, сепак размислете за причините и последиците.

Изгубени предмети

Каде ми се клучевите од дома? А картичката од работа?

Додека едниот превртува сè наоколу во безнадежен обид за брзо пронаоѓање, вообичаено другиот партнер глуми ладнокрвност и смиреност со зборовите – „каде ги виде последен пат, ајде – сети се“.

Можеби тоа не е намерата, но имате чувство како намерно да ве провоцира и да ве исмева, па пламнувате од лутина.

Или пак употреба друга тактика и решава дека сега е време да ве научи на една добра лекција: Нели сум ти кажал/а да си ги оставаш секогаш на едно исто место? Зошто не ме слушаш? Сега ти ги нема клучевите – е ги нема… Ако ти е!

Различните ставови околу празниците

Некој е повеќе приврзан кон домот и традицијата, другиот и не го интересира многу мислењето „Каде и да си, за Бадник дома да си“ или бојадисувањето јајца.

Радо би се спакувал во едно куферче и би отпатувал подалеку од китење елки и пакување подароци за половина од фамилијата.

Извинување кое не се мисли вистински

Едноставно е – се забележува кога некој се извинува искрено, а кога тоа се прави само за да се стави точка на кавгата.

Кога едниот партнер забележува дека другиот се извинува само туку-така, нервозата и лутината растат уште повеќе, наместо да спласнат.

Подготвени за нова рунда кавга?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg