Знаци дека и се допаѓате

par1. Таа ја наведнува главата. Кога жената се чувствува убаво во друштво на маж, ќе ја наведнува главата додека зборуваат. Може да ја наведнува во било кој правец-надесно, налево или надолу. Тоа се се знаци дека таа е заинтересирана подобро да ве запознае и тоа веќе на следниот состанок.

par22. Испива од пијалокот колку и вие. Ако жената ја привлекува некој маж, таа инстиктино ќе ги копира неговите постапки. Иако мажите го прават истото што и жените, тие ќе почнат со копирањето побргу. Што всушност би требало да барате? Можете да забележите дека таа го подига своето тело во ист правец во кој е и вашето или следи некои навики како што се да речеме начинот на земање на чашата со пијалок или непрестано трепка со очите ако и вие тоа го правите. Ако сакате да ја тестирате едноставно наведнете се нанапред и погледајте дали и таа ќе ви се приближи.

3. Ја врти својата коса. Уште одамна женската коса е славена како симбол на нејзината сексуалност, денес тоа се покажало како вистина. Ако почне да ја витка косата или да си игра со неа додека зборува со вас, тоа е добар знак дека е заинтересирана за вас и подсвесно сака да ве импресионира.

4. Лицето и добива сјај. Кога лицето ќе поцрвени, тоа обично значи дека некој се засрамил, но немојте да мислите дека нејзините румени образи се показател дека и е непријатно со вас. Кога жената е сексуално возбудена и кога и се допаѓа некој маж, крвта тече и кон нејзиното лице, што предивикува црвенило на нејзините образи. Исто така, нејзините усни ке станат пополни.

Би можело да ве интересира:

5 чудни работи што се случуваат кога ќе се вљубите По неколку испиени чаши вино, полесно ви е да разговарате дури и со луѓето кои е...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
„Под прав агол“ – секс поза што треба да ја пробате уште вечерва (18+) Станува збор за секос поза која дозволува користење секс играчки за стимулација ...
Видови контрацепција: Што е најефикасно + кои се предностите и недостатоците? Поимот контрацепција ги опфаќа сите средства и методи кои го спречуваат зачнувањ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg