Нервозни пред состанок?

nervozni-pred-sostanok-povekjeПред првиот состанок многумина се вознемирени, малку уплашени, нервозни, несигурни, а тоа може да го расипе уживањето и да нè наведе да...


...се преставиме во полошо светло.

Не дека нервозата пред првиот состанок ќе ни го упропасти состанокот, но може да ни го намали уживањето, па добро би било ако можеме да најдеме нешто што ќе не смири – на пример, пријатна музика која што ќе ја слушаме пред состанокот.

nervozni-pred-sostanok

Некои и онака имаат обичај пред состанок, а и секогаш кога за тоа имаат можност, да слушаат музика која што им се допаѓа. Меѓутоа, не е доволно само да ни се допаѓа она што го слушаме.

Ако слушаме музика за несреќна љубов, за напуштање, за тага или нешто како албумот „The Murder ballads” од Ник Кејв, тешко дека ќе бидеме во ведро расположение за состанокот. Ниту прогресивната музика нема да не доведе во вистинско расположение за запознавање на некој нов.

Тогаш, што? Нешто што е ведро и оптимистичко.

Не мора да се работи за љубовни песни, таа музика не мора да има врска со љубовта, важно е во неа да има радост, да ни се допаѓа како звучи – и да не ни го „убие“ расположението. Поп, рок, диско, било која музика што ја сакаме и која што не е агресивна ниту пак депресивна, ќе заврши работа.

Доколку сакате класична музика, Моцарт е идеален за такви прилики. Инаку, докажано е благотворното дејство на Моцартовата музика врз луѓето.

Тоа не значи стопроцентна гаранција дека Моцартовата музика ќе не опушти и ќе ни обезбеди убав состанок, но вреди да се проба, нема да има штета, а може и да ни помогне.

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
10 работи кои девојките со емоционална интелигенција ги прават поинаку во врските Девојките со емоционална интелигенција не паничат кога работите не се совршени, ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
3 најудобни секс пози за бремени жени Во текот на бременоста хормоните ви работат, а вие имате зголемени нагони за сек...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg