Направете сами: Машнички како моден додаток

napravete-sami-mashnicki-01

Машничките се еден од трендовите оваа есен. Може да се користат и како моден додаток, како вратоврски, привезоци или како украси на честитки и подароци.

Ви прикажуваме неколку начини за да си направите интересни машнички и да бидете уникатни.

Шнола – машничка

  • Земете поцврст материјал со боја и дезен какви што сакате вие
  • Исечете две пошироки правоаголни парчиња околу 5 см од кои едно подолго (10 см) и едно пократко (7 см)
  • Превиткајте ги од едниот до другиот крај
  • Залепете ги со поцврсто лепило или сошијте ги
  • Поставете ги едно врз друго, така што помалото да биде врз поголемото и така залепете ги
  • Од задната страна додадете им мало чешле од некоја стара шнола
  • Може да додадете и некој брош или да ви биде едноставна секојдневна шнола која ќе ви одговара со некоја комбинација на облека

napravete-sami-mashnicki-1

napravete-sami-mashnicki-3

napravete-sami-mashnicki-4


Украсна машничка со помош на виљушка

  • Земете две тенки ленти со поголема должина и една виљушка
  • Едната лента премотувајте ја наизменично низ запците на виљушката
  • Со втората лента врзете ја претходната попреку  како што е изврзана на виљушката за да ја зацврстите нејзината форма
  • Ќе добиете интересна машничка која може да ја искористите како украс или привезок.

napravete-sami-mashnicki-5

Би можело да ве интересира:

Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Александра Шијакоска во совршено модно издание на свадба со сопругот – блесна во фустан достоен за н... Елегантни и префинети, инфлуенсерката Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Ед...
8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
Што облекоа посетителите на втората вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото) Маја Панчева избра во спортско-елегантна комбинација, Моника Црнокрак се реши за...
Си заминала од Србија во 90-тите, омажена е за британски бизнисмен – Која е Роксанда Илинчиќ, српска... „Кон крајот на 90-тите години немаше греење, па на факултет одев со шише топла в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg