Women'secret презентираше долна облека и костими за капење на јубилејниот 20ти роденден

Мадрид, 7ми ноември 2013 година. Women’secret  воодушеви повеќе од 250 гости кои ја посетија специјалната модна ревија која се одржа во Кралската ботаничка градина во Мадрид. Презентирана беше колекцијата за пролет/лето 2014 – долна облека и костими за капење.

womensecret-prezentirase-dolna-obleka-i-kostimi-za-kapenje-na-jubilejniot-rodenden-01

Пред започнувањето на ревијата извршниот директор на women’secret, Жоме Мигел им се обрати на гоститите заблагодарувајќи им се за присуството на вака значаен ден за брендот.

Црната, белата и пастелните тонови беа носечки на шоуто кое зрачеше со елеганција и сензуалност. Во ревијата беше вклучена и специјалната “Night Suits” која вклучува модели кои имаат крој на долна облека, но можат да се носат во повеќе различни стајлинзи.

Презентираната долна облека, како и во претходната колекција има доза на сексапил, игра со лесни и провидни материјали. Ревијата беше затворена со презентација на софистицирана линија на костими за капење, иновативни парчиња со различни текстури и дезени.

Оваа ревија заокружи година исполнета со низа активности за прослава на 20-годишнината на овој шпански бренд, меѓу кои се и специјалните градници за жени подложени на масектомија.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 највпечатливи филмски костими за капење: Култни парчиња кои се модерни и денес Бонд девојки, спасувачки на плажа, Чарлиеви ангели... заедничко за сите нив е шт...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg