Дизајнирана уметност што се носи - колекција за 2014 на Зухар Мурад (фото)

Либанскиот моден дизајнер Зухар Мурад е меѓу најомилените дизајнери на холивудските ѕвезди кои со нетрпение ја очекуваат секоја негова колекција.

modniot-bog-zuhar-murad-so-nova-voodusevuvacka-kolekcija-za-2014-godina-foto-01

Елегантниот стил на тоалетите во комбинација со креативните линии, кристалите и фините материјали се неизбежни на црвениот тепих на многу манифестации.

Покрај вечерните тоалети има и одлични дневни изданија, лежерен стил со мозаични елементи и многу суптилно вткаен барокен дизајн.

Со луксузната „ресорт“ и дневната „кежуал“ колекција за 2014 година уште еднаш ги воодушеви дамите кои го сметаат за Бог на модата.

Оваа колекција му е инспирирана од Виктор Вазарели, унгарско - француски уметник кој е предводник на Оп-арт стилот, креатор на илузорна уметност и мајстор за комбинација на текстури, ефекти, сенки и светло. Инспириран од сето тоа, Зухар Мурад создал колекција која е вистинско уметничко дело подготвено да се носи.

Уживајте во галеријата од најновата колекција на Зухар Мурад за 2014 година.

Би можело да ве интересира:

15 ѕвезди кои избраа фустани од модните писти и во нив изгледаат поинаку од моделите Марго Роби, Џулија Робертс и Ева Лонгорија се само дел од актерките кои избраа ф...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg