Направете сами: Новогодишни фризури за брановидна коса

Брановидната коса може да ја направите со помош на шноли и чорапи кои служат наместо крпчиња и е одлична, а свечена фризура која не бара многу труд и не ја оштетува косата како пеглата и фигарото.

napravete-sami-bozikni-frizuri-za-branovidna-kosa-01

Пред да ги направите локните добро е косата да ви е измиена и влажна. За поиздржливи бранови на косата испрскајте спреј за виткање или распоредете ја пената по целата должина на косата.

Локните поубаво ќе изгледаат на подолга коса, но може да ги направите и ако косата ви е барем до рамена.

Расчешлајте ја косата и поделете ја на неколку делови. Прамените со дебелина на прст треба да ги намотате околу прстот и така замотани да ги прицврстите со шнола на темето.

Ако имате долга коса и сакате поголеми локни, може да ги замотате на памучни крпчиња или чорапи и да ги заврзете. За подолго да ви траат локните, замотаните прамени треба да ви стојат врзани барем 8 часа. Најдобро е да ги направите пред спиење.

Откако ќе ги извадите шнолите, прамените може да ги одмотате со помош на рацете или со четка за коса, ако сакате да бидат помеки и косата да ви биде побујна. Прицврстете ги со лак за коса.

Брановидната коса може да ја обликувате во 3 едноставни и ефектни фризури. Најпрво префрлете ја косата на една страна и замотајте го едниот дел околу другиот и прицврстете го со ластиче кое може да го украсите и со некоја панделка.

Од брановидната коса може да направите и разбушавена пунџа со шноли или да направите две плетенки како венче околу косата. Изгледаат едноставно, а сепак доволно свечено.

Погледнете го видеото за полесно да ги направите

Би можело да ве интересира:

Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
Трикови за комбинирање накит, кои ќе ви користат (со нив славните дами ги кријат недостатоците) Накитот, без разлика дали обетки, прстени или ѓердани, е одличен начин да ја над...
Топло, а елегантно: 9 практични совети за комбинирање зимска облека Дебелите зимски чорапи се лош избор ако постојано ви студи, а истото важи и за ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg